Никола Роквиќ и сопругата за кризите во љубовта: „Сакавме да се разделиме, венчани сме само во црква, не пред матичар“
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
„Јас уште не сум официјално венчана, тоа малку луѓе го знаат. Сакавме да се разделиме кога бевме во врска, но не да се разведеме, затоа што откако стапивме во црковен брак, потоа немаше таква ситуација. Првпат водевме љубов месец и нешто по запознавањето“ - Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ откриваат интимни детали за 16-годишната љубов.

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ важат за еден од најубавите и најромантичните парови во регионот, а нивната љубов трае 16 години.
Тие имаат три деца, но нешто што многумина не го знаеле, е дека тие всушност не се во граѓански брак, туку се венчани само во црква.
Неодамна парот гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, каде открија детали за приватниот живот.
„Јас уште не сум официјално венчана, тоа малку луѓе го знаат. Не сум имала граѓанско склучување на брак, така што немав ни можност да одберам презиме“ – откри Бојана.

„Едно дете, друго, трето... А ние сакаме некако убаво да ги собереме сите луѓе и никако не се погодуваше, но го планираме и тоа“ - додава Никола.
Во еден момент, Бојана се отвори и за кризите во љубовта, кога Огњен ја праша зошто сакале да се разведат, на што таа одговори:
„Сакавме да се разделиме кога бевме во врска, но не да се разведеме, затоа што откако стапивме во црковен брак, потоа немаше таква ситуација.
Но имаше период кога се забавувавме, кога размислувавме да се разделиме додека живеев во Лос Анџелес, затоа што ни беше премногу од таа врска на далечина.
Се пробував во актерските води, моделинг кариерата ми беше успешна и не сакав да се вратам во Србија.
Тоа беше нешто што ме влечеше и тоа беше причина да размислиме да се разделиме.
Во едно интервју тоа еднаш го спомнавме така и потоа се провлече во медиумите, а натписот не е баш точен дека сме сакале да се разведеме“.
Во текот на емисијата, беа предизвикани да одговараат на прашања еден за друг, со што беше тестирано колку добро се познаваат, а дадоа неколку забавни одговори.
На прашањето дали имал искушенија да ја изневери во периодот додека таа била во Лос Анџелес, Никола признава:
„Кога се омажи за мене, единствено тука ја прелажав, со тоа да се омажи за мене. Инаку, од почетокот бев лудо заљубен во неа.
Кога Бог ќе те спои не може да се помислува на други“.
Кога беа прашани колку време поминало од запознавањето до првото водење љубов, Никола одговори дека имало денови, а Бојана откри дека поминал еден месец и неколку дена.
Двајцата не се сеќаваат кој бил првиот подарок кој сопругот ѝ го подарил, а имаа ист одговор дека нејзин најголем страв се крлежите кај децата.
За последната работа која Бојана му ја забранила на саканиот, тој вели дека тоа било одговарање на провокативни прашања во емисијата, а таа искрено признава дека му забранила да пуши цигари, за што сите се насмеаја.

Согласни се и дека Никола никогаш не лаже, но дека нешто што го ветува, а можеби не го исполнува, е некогаш да не ги изнесе децата на прошетка.
Погледнете ја цела емисија:
M. M. | Црнобело