Романсата ја започнале во реално шоу пред 12 години, ја запроси на негов концерт – Љубовната приказна на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ

Се запознале и вљубиле за време на учеството во Survivor 2010-та, важат за еден од најубавите и најскладни парови на српската естрада, таа му е ветер во грб, а круна на љубовта се нивните три деца – љубовната приказна на пејачот Никола Роквиќ и прекрасната манекенка Бојана Баровиќ.

romansata-ja-zapochnale-vo-realno-shou-pred-12-godini-ja-zaprosi-na-negov-koncert-ljubovnata-prikazna-na-nikola-rokvikj-i-bojana-barovikj-01.jpg

Никола Роквиќ тргна по стапките на неговиот покоен татко Маринко Роквиќ и е актуелен на српската фолк музичка сцена.

Но, освен по својата музичка кариера, тој во јавноста се истакнува и со семејниот живот, со оглед на тоа што со сопругата важат за еден од најскладните парови на естрадата.

Неговата романса со манекенката Бојана Баровиќ започнала во 2010, за време на учеството во ријалити шоуто Survivor, кое тогаш се одржуваше на Филипини.

Бојана Баровиќ, која ја започнала својата манекенска кариера уште на 14 години, живеела на различни дестинации низ светот како Тајланд, Париз, Њујорк, заради својата кариера и образование, а две години била во врска со НБА кошаркарот По Гасол.

Сепак, судбината ја споила со Никола, така што во тој период била слободна и била во можност да го прифати учеството во шоуто.

„Се запознавме во Сингапур, а пред да стигнеме на Филипини мислев дека Бојана е дел од продукцијата на шоуто. Беше дружељубива, а за време на престојот таму сфатив дека е добра личност.

Ја освојував со трпение, поточно трпејќи болка во колено. Додека се возевме во автобус, седеше пред мене, го спушти седиштето и се навали со цела снага. Јас ништо не ѝ кажав. Шегата на страна, природно се зближивме“ – има изјавено Никола за Story на почетокот на нивната врска.

Тешките услови за преживување на пустиот остров ги поврзале и зајакнале нивните односи, па 6 години подоцна, Никола ја запроси на неговиот новогодишен концерт, пеејќи ја „Dođi“ од „Parni Valjak“.

Се венчаа во тајност во манастир, во кругот на најблиските, а заедно ги имаат децата Леона и Симеон, за кои велат дека растат поинаку од другите деца на познатите, далеку од градските гужви.

Тие често сакаат да одат со децата во природа и на планина, а на Инстаграм објавуваат прекрасни семејни фотки. 

Погледнете дел од нивните семејни фотки:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава