Била силувана двапати, ја присилиле да си замине од Хрватска – Факти за Мира Фурлан

„Знаев дека полицајците еден на друг само ќе си намигнуваат, мислејќи: ’Ороспија. Си го доби тоа што го заслужи‘“. Вака, Мира Фурлан во нејзините мемоари појаснува зошто никогаш не ги пријавила силувањата во полиција. Како жената што важеше за секс-симбол во Југославија беше присилена да си замине од татковината?

bila-siluvana-dvapati-ja-prisilile-da-si-zamine-od-rodnata-zemja-fakti-za-mira-furlan-01.jpgфото: mirafurlan.net

Пред точно една година, во јануари 2021-ва година познатата хрватска актерка Мира Фурлан која успеа да изгради и успешна филмска кариера во Холивуд, почина во 66-тата година од животот.

Мира почина во својот дом во Лос Анџелес поради компликации со западнонилска треска.

Неодамна, во Хрватска беше објавена нејзината книга мемоари насловена „Сакај ме повеќе од сè на светот“ во која таа открила повеќе непознати и шокантни детали од сопствениот живот, а меѓу другото говори и за сексуалните напади што ги доживеала.

Таа откри дека била нападната во студентскиот дом, на улица во Загреб и тоа дури двапати, еднаш додека шетала сама, а вториот пат со другарка ѝ Катја.

„Кога имав 16 години шетав низ една улица во Загреб среде бел ден. Две големи раце ненадејно се протнаа низ вратата, ме зграпчија со неверојатна сила, на каква што не сум наишла во минатото и ме повлекоа во мрачната зграда.

Невидливиот маж цврсто ме држеше во мрачниот премин. Двајца мажи разговараа за тоа што следно ќе направат и спомнаа празен стан на катот.

Силата на тоа стискање за мене беше сосема ново искуство. Јасно сфатив дека бегството воопшто не е возможно. Тогаш се исклучив и се издигнав над целата сцена и ја посматрав рамнодушно.

Мажите стануваа нервозни, не сфаќаа зошто не се борам и не врескам: ’Погледни ја‘ – рече првиот. ’Чудна е. Премногу е чудна‘ – рече вториот. ’Да ја пуштиме, воопшто не е забавна.‘ И така ме ослободија“ – пишува актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Mira Furlan (@mirafurlan_)

Во вториот случај Фурлан раскажува дека тоа што била „чудна“ не ѝ помогнало неколку години подоцна додека разговарала и пиела во стан по театарска претстава.

„Одеднаш се најдов сама со човекот што едвај го познавав, кој беше од друг град, но беше мошне позната јавна личност. Каде заминаа сите? Каде исчезнаа?

Ме зграпчи со застрашувачка сила. Ме притисна со коленото, а рацете ми ги држеше над главата. Се чувствував целосно беспомошно.

Со рацете ми ја покри устата за да не врескам. Односот беше готов за неколку секунди. Можеби неговата брзина беше тоа што ме спаси од стравот од нападот.

Мојот ум не можеше да го следи тоа што се случуваше. Сè беше готово пред и воопшто да сфатам што се случи. Бев вџашена и без текст.

Тој исчезна во следната секунда. Јас, пак, трчав по улиците низ Загреб до дома и повеќе бев шокирана отколку што бев погодена од насилството“ – пишува таа и додава дека за миг помислила да оди во полиција, но сепак одлучила дека нема тоа да го направи.

„Знаев дека полицајците еден на друг само ќе си намигнуваат, мислејќи: ’Ороспија. Си го доби тоа што го заслужи‘“ – пишува таа.

Актерката Мира Фурлан важеше за секс-симбол во 80-тите години во поранешна Југославија. Таа играше во повеќе југословенски филмови, а по заминувањето во САД и во повеќе американски филмови и серии.

На следната страна проследите неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg