Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборот на Лара“ обвинет за закани

Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го гледа синот затоа што таа како бебе била заменета во родилиштето. Беa интересни заради 24-годишната разлика, а веќе 7 години водат судски процес – Скандалите што го тресат актерот Фране Перишин од серијата „Изборот на Лара“.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-01.jpg

Актерот Фране Перишин (63) на македонската публика ѝ стана познат по улогата на Тончи Златар во хрватската серија „Изборот на Лара“, а деновиве во Хрватска е актуелен заради судската постапка што се води против него во која тој беше обвинет за „закани“.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-02.jpg

Во 2012-та година, набрзо по снимањето на серијата „Изборот на Лара“, Фране кој во тој период имаше 52 години ја започна врската со 24 помладата хрватска водителка Марта Жегура, која во тој период имаше 28 години.

Марта се прослави со тоа што беше водителка на емисиите „Red Carpet“ и „Navigator“ на Нова ТВ на почетокот на 2000-тите години.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-04.jpg

Подоцна, таа се вработи како костимограф во Театарот за млади во Загреб, а во 2012-та година, почна да привлекува внимание заради врската со значително повозрасниот актер.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-03.jpg

Но, парот не обрнуваше премногу внимание на критиките заради огромната генерациска разлика и истата година се свршија и објавија дека ќе станат родители.

Во јануари 2013-та година го добија синот Андрија, а само една година по раѓањето на детето Фране објави дека тој и Марта веќе не се во врска. Тогаш рекоа дека проблем во врската не им била големата генерациска разлика, туку преголемите разлики во карактерите.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-06_copy.jpg

Како што рече, на Марта ѝ пречело тоа што тој постојано патувал и немал време да биде со неа, додека таа се грижела за бебето.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-05.jpg

Но, тука не беше крајот. Во 2016-та година Фране објави статус на Фејсбук во кој тврдеше дека Марта 11 месеци не му дозволила да го гледа синот, затоа што таа како дете била заменета во родилиштето.

„Моето вистинско име е Фране Перишин. Причината за моето обраќање во јавноста е тоа што мојот син Андрија Перишин оди во Клиника за рехабилитација на слухот и говорот. Причината за тоа е јасна и логична. Тој расте во целосно неприродна средина, односно неговата мајка не е ќерка на своите родители. Таа не е посвоена, туку едноставно е заменета во родилиштето.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-10.jpg

Нејзините т.н. родители тоа го знаат речиси од нејзиното раѓање, затоа што и двајцата по вокација се лекари.

Осум години не ѝ дозволуваа на мајката на моето дете тоа да го испитува (таа тоа го дозна во 21-вата година од животот со едноставен увид во крвната група и дури откако беше во врска со мене дознавме кои ѝ се биолошки родители и браќа, а причината за замената ја знаат службите).

Мојата врска со мајката на моето дете веќе не постои, но постои грижата за мојот наследник што таа повеќепати, целосно незаконски не ми дава да го видам, но за тоа потоа на суд!“ – напиша Фране тогаш.

По ова Фране и Марта се најдоа на суд, истата година откако Марта го обвини поранешниот партнер за закани, наметливо однесување и недозволена употреба на лични податоци.

Во 2017-та година Фране беше обвинет за виновен, па му била изречена казна затвор во траење од 1 година, а во 2018-та година Марта и уште тројца побараа Фране да ги плати судските трошоци во износ од околу 2.000 евра.

Во октомври годинава Фране доби уште една пресуда во која беше одбиено делото наметливо однесување, но Фране беше обвинет за закани и му беше наредено да ги плати судските трошоци на поранешната партнерка и уште тројца други луѓе.

beshe-vo-vrska-so-24-godini-pomlada-zhena-otkako-dobija-sin-se-razdelija-hrvatskiot-akter-od-izborot-na-lara-obvinet-za-zakani-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg