Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца

Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното реално шоу „Задруга“. Но, сега се жалат дека во животот не им оди најдобро – Рада има рак на дојка, додека сопругот Раде има проблеми со бубрезите и мора да оди на дијализа.

dzvezdite-od-shouto-zadruga-na-rabot-na-egzistencijata-i-dvajcata-se-teshko-bolni-javno-baraat-pomosh-01.jpg

Иако честопати е критикувано, реалното шоу „Задруга“ сепак е едно од најпопуларните во регионот. А, едни од попознатите луѓе кои учествувале се брачниот пар Раде и Рада Васиќ.

Раде и Рада Васиќ, заедно со своите синови Мика и Гиба, учествуваа во неколку регионални реални шоуа и стекнаа огромна популарност.

Секогаш ведри и насмеани, со своите изјави успеваа сите да ги насмеат.

Раде и Рада имаат 6 деца, а најмлади се токму нивните близнаци Драгутин - Гиба и Мирослав - Мика.

По професија, близнаците се фризери.

Семејството учествуваше во „Големиот брат“ и неколку сезони на „Задруга“.

Во 2018 година, пред влегувањето во „Задруга“, близнаците најавија промена на полот ако добијат добар хонорар.

Оваа желба им се исполнила, а во медиумите испливаа и фотографии од нив на кои изгледаат непрепознатливо по промената на полот во Германија.

Овен полот, ги променија и имињата во Ивана и Ана.

Нивната мајка во една пригода истакна дека таа ги има прифатено нејзините деца како такви и дека таа никако не можела да влијае на тоа како тие се чувствуваат. 

Откри и зошто за целиот процес криеле од јавноста.

„Тие криеја, бидејќи сакаа сѐ да откријат во некое реално шоу. Цел процес од почеток до крај. Само тие две. Тоа го сакаа и нема да се откажат од тоа.

Но, сите планови им пропаднаа кога јавноста дозна и бев многу бесна. Цела заштеда ја потрошивме за нивните операции. Сѐ нѐ чинеше 50.000 евра“.

И двајцата сега имаат партнери, а Ивана дури и се омажи.

Но, неколку години подоцна, животот за ова семејство станал многу тежок.

Рада преку социјалните мрежи ги извести следбениците дека боледува од канцер на дојка и дека поради силната терапија останала без коса.

Таа јавно бара финансиска помош, бидејќи и нејзиниот сопруг е тешко болен.

На Раде му откажале бубрезите и мора да оди на дијализа.

Рада започна да се снима во живо на ТикТок и со своите фанови споделува детали за својата состојба, но и јавно побара помош.

„Ве молам, помогнете колку можете. Тешко сум болна, затоа ме немаше, не сакав да се појавувам без коса, многу лошо се чувствувам.

Многу ми е тешко, одам на силни хемотерапии секој ден, доаѓам дома и веднаш легнувам. Лековите ни се многу скапи“, раскажува таа Рада.

https://youtu.be/2hFWJ0qN-oA?si=Hcg9ajrjUBOb73__

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава