Мајка ѝ ја напуштила додека била 3-месечно бебе, шпекулации дека е невина – Факти за Милица Павловиќ, ѕвездата на „Певачица“

Милица во 2011-та година почна да настапува во „Ѕвездите на Гранд“ и така почна да ја гради својата музичка кариера. Во шоуто заврши на осмото место, но тоа не ја спречи да снима нови песни и на тој начин да се претставува пред публиката.

Во 2012-та година во српските медиуми почнаа да кружат гласини дека Милица е невина и дека го чека вистинскиот маж. Таа рече дека дотогаш била во врска само со еден маж и дека со него немала ништо сериозно.

По големиот број пишувања во таблоидите и откако почнаа да ја поврзуваат со повеќе спортисти таа излезе и рече дека пишувањата за нејзината невиност не се точни, а дека многу ја нервираат лажните вести за наводни врски.

Во 2021-ва година за Милица пишуваа дека е во врска со црногорскиот ватерполист Николас Савелиќ. Таа за него изјави дека е мошне културен и пристоен дечко, но никогаш не откри дали била со него во врска.

Исто така ја поврзуваа и со Вук Костиќ, со кого таа минатата година беше заедно на зимување, но и овие информации беа отфрлени и таа изјави дека се само пријатели.

Се шпекулираше дека Вук Костиќ ќе ја игра главната машка улога во серијата „Певачица“ заедно со Милица, но таа улога му припадна на Милош Тимотијевиќ.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg