Семејството на Теодора Џехверовиќ крие една тајна од јавноста – Зошто одлучиле да ги променат имињата на децата?

Наводно Теодора Џехверовиќ била пресреќна кога нејзините родители одлучиле да ѝ го променат името. Како се викала атрактивната српска пејачка, пред да стане Теодора Џехверовиќ и зошто нејзиното семејство одлучило да ѝ го промени името и презимето уште додека била мала?

semejstvoto-na-teodora-djehverovikj-krie-edna-tajna-od-javnosta-zoshto-odluchile-da-gi-promenat-iminjata-na-decata-01.jpg

Српската пејачка Теодора Џехверовиќ (24), го привлече вниманието кај балканската публика по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, но и откако учествуваше во реалното шоу „Задруга“. Во еден период беше дел од популарната женска група „Đavolice“, а по распадот започна соло кариера.

Сепак, малкумина знаат дека на Теодора, која е родена во 1998-ма година во местото Качарево во Србија, ѝ било дадено сосема поинакво име.

https://www.instagram.com/p/CV3ARV2pmb9/?utm_source=ig_web_copy_link

Теодора е прво дете на Сеад и Гордана (Гоца) Џехвери - првично нејзините родители ја викале Суада Џехвери, а нејзиниот брат кој денес се вика Сава, се викал Сенад.

https://www.instagram.com/p/CX9Mv1kDSAZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Нејзиниот татко е по потекло од Албанија, а тој влегол во конфликт со сопственото семејство откако одлучил да се ожени за мајката на Теодора која е Србинка.

Семејството прво живеело во Босна и Херцеговина, а потоа се преселиле во Србија, во родното место на мајката на Теодора, Качарево.

https://www.instagram.com/p/CU0TWpxtN4B/?utm_source=ig_web_copy_link

Таму, дошло до конфликт со семејството на мајката на Теодора и на крај морале да заминат во Белград. Тука, семејството одлучило да ги промени имињата на нивните деца, а презимето од Џехвери го променило во Џехверовиќ.

Целта била да им овозможи на Теодора и на Сава, (Суада и Сенад) полесно да се вклопат во средината и да бидат подобро прифатени од врсниците.

https://www.instagram.com/p/CT-Plf2t3ps/?utm_source=ig_web_copy_link

Членовите на групата „Đavolice“ во изјава за српските медиуми велат дека знаеле дека Теодора го променила името, а дека во нејзиното раскажување откриле дека била пресреќна кога родителите ѝ го промениле името и смета дека Теодора е позвучно од Суада и дека е подобро за нејзината кариера.

„Теодора беше пресреќна затоа што сметаше дека со такво име полесно ќе успее во животот. Од мала беше премногу амбициозна. Никогаш не говореше за промената на името, особено не откако ја започна музичката кариера. Таа информација ја знаат само неколку нејзини најблиски пријатели“ – пишува Republika повикувајќи се на сопствени извори.

Како и да е, Теодора денес има успешна балканска кариера и голем број обожаватели на Балканот. Се чини дека конечно ги остварила своите амбиции и успеа да изгради успешна музичка кариера.

Прочитајте и Teтоважа меѓу градите, 1 милион следбеници на Инстаграм: Теодора Џехверовиќ - најпровокативната млада српска ѕвезда

Погледнете повеќе нејзини фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Моќна порака од хрватски психотерапевт: „Не е важно само жената да биде добра мајка, туку пред сè да... „Не е важно што прави мајката, туку каква е состојбата на нејзиниот нервен систе...
Не е Нејмар, но сепак е спортист – Кој е новиот дечко на Теодора Џехверовиќ? Долго криеше кој е спортистот во кој е вљубена, но папараците ја „уловија“ со не...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Продорни зелени очи и руса коса - Наташа од „Жикина династија“ и денес остава без здив со убавината Српската актерка Гала Алексиќ била на прагот од холивудска кариера, но наместо н...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
„Уште ми беа клемпави, па ги оперирав, дискретно ги зголемив градите“ – Колку се промени Теодора Џех... „Мажите тврдат дека сакаат природни девојки, но се вртат по оние што не се“ – ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg