Како изгледа денес актерката што ја глумеше Михримах, ќерката на Хурем Султан и Сулејман Величествениот?

Зад себе има пропаднат брак со фитнес инструктор, а сега е омажена за бизнисмен со кого има две деца - како изгледа денес актерката што ја глумеше Михримах, ќерката на Хурем и Сулејман? Улогата што ја имаше е за девојка која во историјата не била убава, а таа е вистинска убавица на 41 година.

kako-izgleda-denes-akterkata-shto-ja-glumeshe-mihrimah-kjerkata-na-hurem-sultan-i-sulejman-velichestveniot-01.jpg

Сигурно се сеќавате на турската серија „Величествениот“, во која најдобро беше прикажана приказната за османлискиот султан Сулејман, но и за неговата љубов кон султанката Хурем.

Освен тоа, во серијата беа прикажани и сите интриги кои се случувале во семејството, а се здоби со голема популарност како во регионот, така и кај нас.

kako-izgleda-denes-akterkata-shto-ja-glumeshe-mihrimah-kjerkata-na-hurem-sultan-i-sulejman-velichestveniot--.jpg

Поминаа многу години од емитувањето на оваа серија, а иако главните ликови често ги следиме и се присутни во јавноста, веројатно некои од другите веќе сте ги подзаборавиле.

Голем впечаток остави и Михримах, ќерката на Сулејман и Хурем, чија улога ја толкуваше турската актерка Пелин Карахан.

Во историските записи, таа никогаш не била прикажана како убава, туку ја опишувале како маж во здолниште, заради нејзината амбиција и тоа што секогаш била покрај татко ѝ, борејќи се за рамноправност.

kako-izgleda-denes-akterkata-shto-ja-glumeshe-mihrimah-kjerkata-na-hurem-sultan-i-sulejman-velichestveniot.jpg

Прочитајте повеќе: Ја нарекувале „маж во здолниште“, била советник на 2 султани: Детали за животот на Михримах Султан, ќерката на Хурем и Сулејман

Но, во серијата, и тогаш девојката беше впечатлива, а денес е порасната во вистинска убавица која веројатно не би ја препознале.

kako-izgleda-denes-akterkata-shto-ja-glumeshe-mihrimah-kjerkata-na-hurem-sultan-i-sulejman-velichestveniot-02.jpg

Пелин е родена во 1984 година во Анкара, каде завршила основно и средно образование, а потоа студирала туризам.

Во актерските води се впуштила прво со снимање реклами, потоа имала улога во тинејџерска серија која била многу успешна, а улогата на Михримах посебно ја прослави.

Таа уште се занимава со глума, но сепак не толку активно колку што ѝ се предвидуваше, но се појавува и како ТВ лице и водител.

Во 2014-та се венчала за бизнисменот Бедри Гунтај, со кого сега има два сина, а на Инстаграм се прикажува како модерна мајка со впечатливи стилски аутфити.

Пред ова, во 2011 се омажила за фитнес инструкторот Ердинч Бекироглу, но бракот траел само 2 години.

Повеќе фотки од неа денес:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...

Најчитани неделава