Си го промени личниот опис со операции, со сопругот е од 17 години: Факти за српската пејачка Маја Беровиќ

Како дете останала без татко, а додека пеела низ локали во Босна го запознала својот иден сопруг кој го финансирал нејзиниот прв албум. Маја Беровиќ вели дека е тешко да се биде убава и талентирана жена на Балканот затоа што постојано се соочува со обвинувања и погрдни коментари.

si-go-promeni-lichniot-opis-so-operacii-so-soprugot-e-od-17-godini-fakti-za-srpskata-pejachka-maja-berovikj-01.jpg

Маја Беровиќ е српска поп-фолк пејачка со потекло од Босна и Херцеговина.

Во февруари годинава Маја стана мајка по првпат и го доби синот со сопругот Ален Драгосав со кого е во врска од свои 17 години и денес живее во Грац, Австрија.

View this post on Instagram

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial)

Маја пораснала со самохрана мајка во селото Малешиќи во близина на Сараево.

Татко ѝ починал додека била многу мала, а самата вели дека имала мошне тешко детство, што е сосема јасно ако се земе предвид дека пејачката растела во време кога земјата беше погодена од војна.

si-go-promeni-lichniot-opis-so-operacii-so-soprugot-e-od-17-godini-fakti-za-srpskata-pejachka-maja-berovikj-02.jpg

Таа уште додека била малолетна на 17 години почнала да пее во локали низ Босна.

Токму за време на тие настапи го запознала и својот иден сопруг Ален Драгосав кој во тоа време работел како камионџија.

„Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и сѐ се завршуваше на погледи, затоа што јас имав само 17 години. Бев малолетна и лудо вљубена во човекот што доаѓа на моите настапи.

По некое време сфативме дека не можеме така и дека чуствата се пресилни за сѐ да остане на платонска љубов. Брзо донесовме одлука да почнеме да живееме заедно“ – раскажа во една прилика Маја.

На мајка ѝ тешко ѝ паднала одлуката на Маја да си замине толку рано од дома, но не се противела на нивниот заеднички живот.

Маја првиот албум го објавила во 2007-ма година, а како што призна и самата, сопругот ѝ помогнал и финансиски и морално да го објави својот прв албум.

Во 2016-та година Маја и Ален одлучиле да се венчаат во православна црква на островот Родос во Грција, а Маја во тоа време сѐ уште не била толку популарна во Србија.

Славата ќе ја стекне дури откако одлучила да направи промена во музичкиот правец и да почне да објавува повеќе поп музика.

Во една прилика рече дека смета дека нејзиниот пат бил потежок затоа што донела одлука својата слава да не ја гради на скандали, туку го избрала потешкиот пат:

„Мислам дека е тешко да се биде жена и јавна личност на Балканот, затоа што кога сте жена и кога имате среќа или несреќа, да сте убави и успешни и да имате талент, сѐ ви се оспорува. Кај нас е така, што луѓето не можат тоа да го прифатат и автоматски секоја жена што е убава, воедно е глупава, нема талент и е пластична“ – рече Маја во една прилика.

Како и да е, сепак, кариерата на Маја беше погодена од скандал во 2021-ва година кога три песни за кои таа наводно им платила 30.000 евра на босанските продуценти Џала Брат и Буба Корели околу 30.000 евра беа предмет на тужба за плагијат.

Во последниот период Маја беше повеќе актуелна заради случувањата во нејзиниот приватен живот.

Таа за првпат стана мајка во февруари годинава, а во една прилика рече дека со сопругот намерно чекале подолго време за да станат родители затоа што сакала првично да се посвети на кариерата.

Што се однесува до физичкиот изглед Маја е мошне искрена па самата признава дека направила естетски корекции на носот и на усните и дека тоа ѝ ја вратило самодовербата.

На следната страна погледнете повеќе нејзини фотографии...



Би можело да ве интересира:

Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Напади од морски желки во Хрватска и траорни сведоштва: „Беше агресивна, главата ѝ беше колку две чо... „Тоа беше средба очи во очи со желка од 50-тина килограми. Според упатените, ста...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg