Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни?
- Детали
- сабота, 15 јули 2023
Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес знае да се пофали дека ужива во луксузниот живот и во парите што ги заработува, но откри дека жали само затоа што не успеал да исполни едно ветување што ѝ го дал на мајка му кога бил мал.
Српскиот пејач Реља Поповиќ ретко зборува за својот интимен живот во јавноста, но во една пригода говореше за своето тешко детство и откри дека му е криво што никогаш не успеал да го исполни ветувањето што ѝ го дал на неговата мајка кога бил дете.
Српскиот пејач денес ужива во луксуз и раскош, во егзотични пaтувања со партнерката Николија и ќерките, а детството воопшто не му било лесно.
Тој е син на познатата југословенска балерина Зоја Беголи, а на само 2 години останал без татко му, Срѓан Поповиќ.
Како што вели, детството воопшто не му било лесно, па мајка му му купувала облека од пазар за стари работи, а тој ѝ дал едно ветување и денес жали што не успеал да го оставри.
„Кога бев мал ѝ дадов ветување на мајка ми.
Ја чувствував сиромаштијата и бев тажен затоа што ме носи на пазар за стари работи за да ми купи патики и затоа што немам такви (патики) како што носат другите, па ѝ реков:
‘Слушај мамо, јас ќе заработам пари од кои ќе купам стан и за себе и за тебе’.
За жал, не дочекав тоа да го направам за неа, но најдов начин да не си ја извалкам душата, а да бидам финансиски стабилен“ – вели тој.
Во една друга пригода Реља откри дека најстресниот миг што ѝ го приредил на неговата мајка бил во моментот кога на 18 години бил застрелан со пиштол.
„Првпат почувствував дека тоа што го правам, иако суштински не бев виновен во тој миг, колку страшно влијае врз неа.
Со денови не се знаеше дали ќе преживеам операцијата. Тоа беше последниот момент да ја загрижам мајка ми, па затоа потоа секогаш водев сметка, дури и кога ќе направам нешто, тоа да не дојде до неа“ – рече тој.
Инаку, мајка му на Реља, Зоја почина во 2017-та година по долго и тешко боледување.
Реља неодамна по примерот на светските ѕвезди ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм профил, но објави неколку фотографии како уживаат на патување со партнерката Николија.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





