Пред Реља била во врска со кошаркар од Нигерија, си го смени личниот опис со операции – Животната приказна на Николија Јовановиќ
- Детали
- недела, 20 ноември 2022
На само 6 години се појавила во спот на нејзината мајка, пред да започне музичка кариера работела како танчарка и диџеј во клубови во Атина – што знаеме за Николија Јовановиќ, партнерката на Реља Поповиќ и ќерка на Весна Змијанац?
Николија и Реља важат за еден од најскладните парови на српската естрада. И двајцата имаат подеднакво успешни музички кариери, заедно имаат две ќерки, а тврдат дека не веруваат во брак.
Николија честопати е на удар на критики на социјалните мрежи затоа што наместо да им се посвети на децата, постојано настапува во клубови, но јасно е дека таа и Реља имаат цврста врска и се подеднакво посветени како на заедничкиот живот така и на своите музички кариери.
Во продолжение неколку интересни факти за Николија и за тоа како од ќерка на позната фолк ѕвезда во Србија успеа сама да креира успешна кариера:
Родена е во 1989-та година во Загреб, а живее во Белград, денес е во врска со Реља Поповиќ со кого има две деца.
Како ќерка на познатата фолк пејачка Везна Змијанац, Николија порасна во фокусот на јавноста. Нејзин татко е Владо Јовановиќ, поранешниот шеф на маркетинг на PGP RTS, а од него Николија има уште една полусестра Теодора и полубрат Лука.
На само 6 години Николија се појавила во спотот на песната на нејзината мајка Весна Змијанац, „Кад би знала како си“.
Прочитајте и Не веруваат во брак, го загубиле првото дете – Љубовната приказна на Николија и Реља
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





