Детали за инцидентот во кој Реља Поповиќ ќе го загубел животот: „Ми стави пиштол на глава, почувствував болка и се разбудив во болница“

„Извади пиштол и ми го стави на глава. Не знам ни сам како успеав да го спуштам оружјето и само се сеќавам на страшната болка во пределот на стомакот“ – Реља Поповиќ раскажува што се случило на денот на неговата матура кога за малку ќе го загубел животот, а лекарите морале да му ги извадат слезината и бубрегот за да го спасат.

se-skaral-zaradi-devojka-na-denot-na-maturata-sakale-da-mu-pukaat-vo-glava-detali-za-incidentot-vo-koj-relja-popovikj-kje-go-zagubel-zhivotot-01.jpg

Реља Поповиќ (33) денес е еден од најпознатите српски музичари, кој играше и во познатата српска серија „Беса“, а малкумина знаат дека на датумот на својата матура, тој го слави својот „втор роденден“.

Во 2008-ма година, односно кога имал само 18 години, Реља Поповиќ во инцидент се здобил со прострелни рани во пределот на стомакот. Иако во тој период не бил позната личност, за инцидентот пишувале речиси сите српски медиуми.

se-skaral-zaradi-devojka-na-denot-na-maturata-sakale-da-mu-pukaat-vo-glava-detali-za-incidentot-vo-koj-relja-popovikj-kje-go-zagubel-zhivotot-04.jpg

Инцидентот се случил на денот кога Реља како ученик во Угостителско-туристичкото училиште славел матура, а огнената престрелка следела како последица на претходна расправија за негови пријателки.

„На 22-ри мај 2008-ма година бев во кафуле со еден другар и уште две другарки. На масата покрај нас седеше некој човек на возраст од околу 40-тина години. Беше видно пијан.

Цело време им дофрлаше на моите другарки, бараше од нив да му играат на маса, на што јас реагирав.

По вербалната расправа во која ги бранев другарките, келнерката ни рече да излеземе од локалот затоа што мора да затвори. Излеговме надвор и тој извади пиштол и ми го стави на глава.

se-skaral-zaradi-devojka-na-denot-na-maturata-sakale-da-mu-pukaat-vo-glava-detali-za-incidentot-vo-koj-relja-popovikj-kje-go-zagubel-zhivotot-05.jpg

Не знам ни сам како успеав да го спуштам оружјето и само се сеќавам на страшната болка во пределот на стомакот. Паднав на земја и се онесвестив. Се разбудив во Ургентниот центар“ – раскажа во една прилика Реља.

Откако бил пренесен во болница, Реља бил итно опериран, а лекарите морале да му ги отстранат бубрегот и слезината за да можат да му го спасат животот.

se-skaral-zaradi-devojka-na-denot-na-maturata-sakale-da-mu-pukaat-vo-glava-detali-za-incidentot-vo-koj-relja-popovikj-kje-go-zagubel-zhivotot-02.jpg

По операцијата, Реља 10 дена поминал во шок-соба, каде бил под 24-часовен надзор од медицинскиот персонал, а во болница останал еден месец.

Напаѓачот, бил уапсен од страна на полицијата неколку часа по инцидентот, недалеку од местото на несреќата. Тој бил осуден на затворска казна во траење од 6 и пол години.

Прочитајте и Ги изгубил двајцата родители, на 17 години бил застрелан – Факти за Реља Поповиќ (32), ѕвездата од „Беса“ и „Елитни Одреди“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...

Најчитани неделава