Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг

Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за најдобриот пријател на својот поранешен сопруг, објави прва фотка по свадбата - во секси црвен фустан таа позира и мами воздишки. Свадбата ѝ беше во бајковита и интимна атмосфера...

angjelka-prpikj-izgleda-fit-vo-crveno-otkako-tajno-se-omazhi-so-najdobriot-prijatel-na-nejziniot-poraneshen-soprug-01.jpg

Српската актерка Анѓелка Прпиќ, која на 8 септември се омажи за Марко Жугиќ, блеска на првата фотографија што ја објави по венчавката.

Таа носи секси црвен фустан што ја следи линијата на телото, во комбинација со бордо сандали и златен накит. Анѓелка изгледа одлично и фит, само 4 месеци откако се породи.

На фотката, таа цитираше стихови од песната „Црвено обуци“ од Љуба Аличиќ.

„Нека асоцира на радост“, напиша таа.

View this post on Instagram

A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap)

Taa позира покрај хидрант, па пријателите ѝ коментираат дека е толку жешка, што ни хидрантот нема да помогне.

Анѓелка објави и Инстаграм Стори, на кое е насмеана и среќна.

angjelka-prpikj-bleska-vo-crveno-otkako-tajno-se-omazhi-so-najdobriot-prijatel-na-nejziniot-poraneshen-soprug-02.jpg

Ова е прва фотографија од актерката по тајната венчавка со Марко, што се случи на 8 септември, 4 месеци по раѓањето на нивната ќерка.

Тие славеа во мал локал во населбата Земун во Белград, а на социјалните мрежи се појавија само две фотки од локалот каде што беа нивни најблиски пријатели.

Ниту Анѓелка, а ниту Марко не објавија фотографии од свадбата.

Парот се најде среде скандал на почетокот на 2023 година, кога медиумите дознаа дека актерката е бремена, а дека татко на бебето е најдобриот другар на нејзиниот поранешен сопруг.

Во Србија потоа на големо коментираше дека не е во ред што таа почнала афера со некој што е толку близок на нејзиниот некогашен сопруг, а актерката се повлече од јавноста и скоро и да не објавуваше фотографии од бременоста.

Анѓелка се породи на 20 мај 2023, а на ќерката ѝ го даде името Чарна, според ликот што го играше во серијата „Жените од Дедиње“.

Освен ќерката, Анѓелка го има и синот Јакша од бракот со Дарио Прпиќ. Овој брак пропадна откако актерката дознала дека сопругот ја изневерува со хрватската стралета Ава Карабатиќ.

Прочитајте и Гласини дека Анѓелка Прпиќ е бремена од најдобриот пријател на сопругот, откако тој ја изневери со Ава Карабатиќ: „Со месеци ја криеја врската“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се прашувам каква мајка сум“ - Анѓелка Прпиќ го слави роденденот на синот од поранешниoт сопруг, ко... „11 години преиспитувања... Каква мајка сум, каде грешам и имам ли поправен испи...
„Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот ра... „Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘расупштенко’, туку зрел чов...
Ја обвинуваат за разводот на Анѓелка Прпиќ, заврши во психијатриска установа – Каде е и што прави Ав... „Последната година ми беше мошне тешко, признавам, но сега сум како нова и сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg