Анѓелка Прпиќ прави ајвар кај мајка ѝ во село, сопругот ѝ помага: „Зошто лупиш пиперки стоејќи?“
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
„Дефинитивно сум остарела“ - напиша на шега српската актерка и на Инстаграм објави фотографии како прави ајвар.

Актерката Анѓелка Прпиќ, на почетокот на есента, замина кај мајка ѝ во село, ги засука ракавите, и помогна во правењето ајвар.
Од печење пиперки, преку лупење, до мешање и собирање на ајварот во тегли - таа правеше буквално сè, а потоа објави фотографи и видеа на Инстаграм.
„Есента во мојата улица или дефинитивно сум остарела“ - напиша актерката на шега.
Во подготовката на ајварот, освен мајка ѝ, помага ѝ Марко, сопругот на Анѓелка, за што доби пофалби во коментарите.

Но, освен што ја пофалија и неа, имаше и такви кои ѝ најдоа замерки.
„Зошто лупиш пиперки стоејќи?“, ја праша една следбеничка, но друга ѝ одговори „И јас станувам да лупам кога ќе ме заболи грбот од седење“.

Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело