Анѓелка Прпиќ во страсна прегратка во Париз со сопругот - кој беше најдобар другар на нејзиниот бивши сопруг
- Детали
- понеделник, 16 февруари 2026
Анѓелка Прпиќ е во едно од најсексапилните изданија досега, со впечатливи чевли, но и најопуштено позира во прегратка на сопругот, за кој вели дека и да умре, би се родила одново, само за да го сретне него, по сите маки со бившиот.

Актерката Анѓелка Прпиќ ужива во бракот со Марко Жугиќ, а парот сега е на романтично патување во Париз.
Таа објави фотографии од Париз, каде што таа и нејзиниот партнер уживаат среќни и насмеани и изгледаат повљубено од кога било.

Анѓелка ја пронајде среќата покрај Марко, кој е поранешен најдобар другар на нејзиниот поранешен сопруг.
Актерката објави две фотографии направени пред познатиот кабаре-клуб Moulin Rouge, а за оваа пригода носеше секси аутфит, со впечатливи црни чевли со високи потпетици.
Прочитајте и „Заљубена“ - Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, се бакнува со него во Италија

Тие се релаксираа и на тревникот пред Ајфеловата кула, каде Марко ја бакнува во образ додека Анѓелка ужива.
Анѓелка напиша и романтичен опис на фотките вели дека и да умре, одново би се родила само за да го сретне него.

Неодамна таа за српските медиуми проговори за својот живот:
„Убаво ми е во мојот живот, во моето секојдневие. Прекрасно е кога ќе сфатиш дека, без разлика каде си свртел, имаш право да ги вклучиш сите четири трепкачи, да ставиш во рикверц, да почнеш да излегуваш од таа уличка…
Има возачи што ќе ти свират затоа што се нервозни, има и такви на кои не им е тешко да почекаат, а во суштина, сè зависи од тебе.

Ако во ‘тој автомобил’ седнеш со отворен ум и решен да ја видиш поубавата страна на сè, тогаш нема многу да те потресат другите возачи.
Кога си ти напнат, тогаш те нарушува дури и обичното отсуство на љубезност. Сè почнува од нас“.

Прочитајте и „Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот развод
С. С. | Црнобело
