„Душата на место“ - Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, на семејно патување во Црна Гора
- Детали
- сабота, 06 септември 2025
Меѓу фотографиите е и една на која актерката се бакнува со сопругот Марко, кого не сака да го експонира многу во јавноста, по скандалот за тоа како им почна врската.

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која и денес сите ја знаат како Анѓелка Прпиќ, во 2023 година се омажи тајно за Марко Жугиќ, најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Иако долго време ја чуваа врската во тајност и Анѓелка не зборува за сопругот, таа во последно време почна да споделува фотки од нивното секојдневие на Инстаграм.

Тоа го направи и неодамна, додека беа на семејно патување во Жабјак во Црна Гора.
Анѓелка објави неколку фотки со Марко, нивната ќерка Чарна и синот Јакша, кој го има од првиот брак со Дарио Прпиќ.
„И срцето и душата на место“, напиша таа на Инстаграм.
Со ќерката газат во езерото и се забавуваат, синот јава коњи, сите пешачат низ шума и уживаат заедно.
А меѓу фотографиите е и една на која Анѓелка се бакнува со сопругот, кого не сака да го експонира многу во јавноста.

Погледнете ги фотографиите од нивниот одмор:








А. Ј. | Црнобело
