Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се омилените парфеми на нашите политичари?

Сте се запрашале ли каков парфем користи премиерот? А кои им се омилениие мириси на нашите политичарки? CRNOBELO.com праша неколкумина од нив кои им се фаворитите... 

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-01_copy.jpg

Без оглед дали ве интересира политиката или не, нашите политичари постојано ги гледате на вести, на разни настани, трибини...

Дел од нив можеби ги следите и на социјалните мрежи, па знаете и по нешто за нивниот приватен живот.

Но, дали некогаш сте се запрашале кој им е омилениот парфем и какви мириси сакаат (користат)?

Откако ги запрашавме македонските спортисти и дел од нашите јавни личности кои им се омилени парфеми, на ред дојдоа и политичарите.

Жените политичарки во Македонија избираат цветни и посуптилни мириси, додека нашите политичари преферираат силни и впечатливи парфеми.

Премиерот секогаш избира мирис кој го потсетува на студентските денови, Моника Зајкова сака да менува парфеми, двајца скопски градоначалници обожаваат ист парфем, додека Сања Лукаревска избира парфем кој е одраз на женственост.

Кои се омилените парфеми на дел од нашите политичари?

Викторија Трајков

Мојот омилен парфем веќе долго време е Hermes - Jour d’Hermes.

Првпат го открив на една студиска посета на Париз и оттогаш ме потсетува на Шанзелизе, на убава и силна жена, на жена со стил, на Елисејските градини, на доминантна и самоуверена девојка/жена.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-06.jpg

Љупчо Николовски

Мој омилен парфем, а кој најмногу го користам, би рекол веќе десетина години, е Terre d'Hermes. Ми го препорача мојот цимер од студентски денови Никола, со кого се запознавме на една школа во Шпанија во 2002-ра и останавме и ден денес најдобри другари.

Го користам постојано и најчесто пред да снемам, на првото патување задолжително го барам на free shop по аеродромите, па земам шишенце за полнење, а имам и негова мала травел варијанта.

Мене ми е уникатен за цела година. А бидејќи не се разбирам многу во правењето и мирисот на парфемите, може да кажам дека како и кога дегустираме некое убаво вино и објаснуваме за него, може да се каже дека и Hermes има одлично избалансирани и ароматични ноти на овошје и дрво.

Како и елегантното вино. А да беше прашањето за вино, ќе имав и подетално елаборирање, ха, ха.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-04.jpg

Моника Зајкова

Користам повеќе парфеми затоа што ме презаситува еден ист мирис постојано. Така што, често ги менувам.

Но, еве, како омилен би го издвоила Nаrciso Rodriguez For Her - има специфична нота, малку појака, но некако ми е одраз на мистичен карактер.

Се состои од синтеза на цвет од портокал и нежен цветен османтус, во комбинација со меки килибарски ноти и ноти на топли шуми.

Истиот ми е асоцијација за елегантна и софистицирана жена. Мирис на вечна женственост.

Колку парфеми и да менувам овој го имам секогаш дома и често се навраќам на него.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-07.jpg

Христијан Мицкоски

Омилен парфем кој го користам е Moonlight Patchouli.

Слични мириси на тој користам од моите студентски денови, а ме потсетува на еден период од животот кога човек се спознава себеси, но и по малку станува свесен за сè она што го очекува.

Неискажливо е чувството кога токму таквиот мирис бил дел од секојдневните убави случки од тој период и секогаш кога го употребувам создава реминисценција и потсетува на едно време од мојот живот, на дружби, искачања, но и многу труд и љубов за она што е моја професија, а каде имам вложено огромен дел од мојот живот.

Не секогаш и не многу често како студент сум можел да си го дозволам, но затоа и се водеше сметка тој подолго да трае.

Во секој случај, парфемот не е само убавиот мирис, туку и спомените кои настанале од времето кога истиот сум го употребувал.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-10.jpg

Сања Лукаревска

Yves Saint Laurent YSL Libre е мој фаворит кај парфемите, а кој го користам изминатиов период.

Има доза на женственост, цветна нијанса, доволно впечатлив, а сепак одличен избор.

Парфемот е она што ја одбележува секоја жена, во зависност од приликите. Посвежи мириси за летото и силни нијанси во зима.

Но, мојот фаворит сепак соодветствува за сите прилики и за секоја сезона.

Љубител сум на нежни, цветни мириси, можеби заради раковската хороскопска автентичност.

Не сакам силни и тешки парфеми, но сепак, сечиј вкус и стил е за почит.

Што би рекла и Коко Шанел: „Парфемот е невидлив, незаборавен и најважен моден додаток“.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-09.jpg

Прочитајте и Кире Лазаров - 5 години ист мирис, Иџе - Tom Ford: Кои се омилените парфеми на нашите спортисти?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки? „Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден....
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Ивона Јо за родното Куманово: „Дворот на мојата куќа беше за терапија со другарките - сите проблеми ... „Родена сум во село Љубодраг од каде потенува мојот татко Слаѓан. Бргу по раѓање...
Моника С. Арсова: „Се разбудив од операција и си помислив ‘Мојата ќерка Никче да ме види без штаките... „Како мало дете кога проодува, така и јас со страв и нецелосна доверба ги правам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg