Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“?
- Детали
- недела, 03 август 2025
„На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ. Тогаш сè изгледаше како игра. Следуваше телевизијата Сител, каде што учествував во емисиите „На детски начин“, „Сител бамбини“, а потоа и тинејџерската „Seventeen“, кои мојата генерација ги памети со љубов“, ја започнува својата приказна Ивана Мангароска за CRNOBELO, која денес е сопруга и мајка на 2 деца и уште ја гледаме на ТВ екраните.

Ивана Мангароска е лик кој на многу генерации им враќа најубави спомени од детството. Ние, родените на крајот од 80-тите и почетокот од 90-тите растевме со емисиите кои таа ги водеше.
Се сеќавате ли на емисиите „На детски начин“, „Сител бамбини“, а потоа и тинејџерската „Seventeen“?
Ивана сè уште се занимава со водителство.

Таа живее во Скопје, веќе 9 години е во брак и има две деца - ќерка Гаја (4) и син Олег (9).
Ивана за CRNOBELO.com вели:
„Моето медиумско патување започна уште кога имав само четири години, со првата средба со камерата во МРТВ.
Тогаш сè изгледаше како игра – и беше. Но, токму таа игра стана животна насока.

Камерата отсекогаш била моето природно опкружување – пред неа не сум чувствувала трема, туку фокус. И физички и ментално.

Следуваше телевизијата Сител, каде што учествував во емисии кои мојата генерација ги памети со љубов: „На детски начин“, „Сител бамбини“, а потоа и тинејџерската „Seventeen“.

Потоа соработка со неколку продукциски куќи, низ различни формати, кои ми дадоа нови перспективи.
Единствена пауза направив за време на факултет, но наскоро продолжив во новоформираната Алфа телевизија, каде што се отворија нови можности – утрински и попладневни емисии, но и патеписни репортажи надвор од земјата.

Секако, паралелно со професионалниот развој, доаѓаа и животни пресвртници: бракот, раѓањето на мојот син Олег, а подоцна и на мојата ќерка Гаја – токму во време на пандемијата.

По тој период, мојот пат продолжи во Телма ТВ, каде што веќе петта година сум дел од утринската програма – емисија која со право важи за една од најгледаните и најценетите кај публиката.

Секоја сезона носи нов ентузијазам, нови идеи и уште поголема посветеност. Имам среќа што сум дел од тим во кој царува добра енергија и тимска работа, нешто што е основа за секој телевизиски успех.

