Скопски локал како сцена од есенска бајка - Тикви, суви лисја и портокалови бои за совршени фотки
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината го менува својот изглед, и оваа есен е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови.

Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, важи за едно од омилените места на нашите инстаграмџии.
Новите декорации на почетокот на секоја сезона мамат воздишки, па кога локалот ќе го смени својот изглед и ќе се појави во ново руво пред посетителите и минувачите, никој не може да одолее и да седне таму на топол напиток со мирис на цимет, ванила или тиква.

Во чест на есента, локалот и овој пат е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови, а минувачите уште од далеку можат да ги забележат украсните тикви и есенските декорации од „суви“ лисја кои се совршена основа за шарените исцртани шолји со есенски мотиви.
„И одеднаш, летото се претвори во есен“ - пишува на Инстаграм каде што споделија фотографии од новото руво на локалот.
Кликнете да го погледнете видеото и повеќе фотки од нивната есенска приказна:

