Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, туку стравот за моите деца“

Првиот ден спиев како што не памтам дека сум спиела со години.
Вториот ден ме оперираа, а персоналот едвај ме разбудил од анестезија. Едноставно сум се искчучила…
Третиот ден повторно се враќав во својата кожа.
А за Денот на мајките, сама се вратив дома.
Со завои од канили, со преврски, со попатно испазарени полни кеси за следната недела мирување и со срце полно благодарност што во мене сè уште чука силата на живиот живот.
Благодарна што исклучувањето траеше кратко и што им се враќам на најљубените.
И за таа океанска љубов со која ги растам нив. Душите на мојата душа.
Во Развојната академија работиме на личен развој, резилиентност и психолошка издржливост.
Но, вистината е дека најдлабокиот развој не се случува кога сме совршени, туку кога сме распукани и сепак продолжуваме да сакаме, да носиме, да создаваме и да се појавуваме за тие што зависат од нас и за самите себе.

За секоја мајка што минува низ операции, развод, кариерни предизвици, селидби, транзиции, пукнатини, замори, разочарувања и битки, а сепак останува најсигурната конекција во животот на своите деца и на сооственото битие:
Те гледам.
Те разбирам.
И длабоко те почитувам“.

С. С. | Црнобело