Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше заедно во групата „Молика“ и ја има ќерката Моника. Рубин, пак, е саксофонист, кој исто така, свирел во „Молика“.

Пејачката Анета Љумаковска, поранешната пејачка на групата „Молика“, вчера се венча со својот сакан, музичарот Рубин Размо.
Парот, кој е подолго време во врска, направи граѓанска венчавка, а потоа објавија неколку фотографии на социјалните мрежи.

Оттогаш, често споделуваат дека се заедно на патувања насекаде низ Европа.
За венчавката Анета избра костум во крем боја и бидермаер од бели рози, а косата ѝ е врзана во опавче.

Ова е втор брак на пејачката, која 22 години беше омажена со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше заедно во групата „Молика“ и со кого ја има ќерката Моника.
Тие се разведоа во 2023 година.

Рубин, пак, е саксофонист, кој своевремено, исто така свиреше во „Молика“ со Анета, а сега е дел од нејзиниот бенд, па постојано ја придружува на настапите.
