Анета Љумаковска на летување со сопругот Рубин во Парга - романтични вечери, узо на плажа
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Ова е прво летување на Анета и Рубин како брачен пар, откако во мај годинава си кажаа „да“ во матично и ја официјализираа својата врска.

Фолк пејачката Анета Љумаковска и нејзиниот сопруг, Рубин Размоски, годинава летуваат во Парга во Грција.
Ова е нивното прво летување како брачен пар, откако во мај годинава си кажаа „да“ во матично и стапија во брак.

Парот секојдневно објавува фотки и видеа од летувањето на социјалните мрежи - од прошетки низ градот, узо на плажа, преку романтични вечери и возење во кабриолет.
Тие не кријат дека уживаат и во одморот и во времето поминато заедно, без обврски поврзани со кариерата.

Анета и Рубин, освен што се во брак, настапуваат заедно, односно тој е саксофонист во бендот на Анета, а свиреше со неа и во времето кога таа пееше со групата Молика.

Погледнете повеќе фотографии:





Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“
А. Ј. | Црнобело