Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години не ми се најубавите“
- Детали
- петок, 10 јули 2026
„Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија. Среќна 4-ка од брак, ти си мојата љубов и најголемото ДА потврдено во секој животен предизвик“, вели саксофонистот Горан Папаз за неговата сопруга Наташа, со која растат 4 деца.

Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа на 30.12.2024 станаа родители на три бебиња, а сега парот прослави 4 години во брак.
Папаз има син од претходна врска, кој живее со нив.
Горан и Наташа имаат полни раце работа околу 4-те деца, но велат дека ова се слатки маки и се чувствуваат навистина среќно и исполнето.

Горан ѝ посвети емотивна објава на Наташа:
„Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие четири години не се најубавите од мојот живот.

Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија.

Овие фотографии се еден мал дел од нашиот (многу) исполнет живот. Среќна 4-ка од брак, ти си мојата љубов и најголемото ДА потврдено во секој животен предизвик“.


