„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека мама пее
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
„Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“ – напиша Антониа на стара фотка со синот Киан, а објави и видео на кое тој свири на клавир и преслатко се смее, додека таа пее „Happy birthday“.

Синот на Антониа Гиговска и на Роберт Спасенцовски – Џокер денес полни 2 години.
Гордата мајка вчера објави видео на Инстаграм Стори, на кое Киан свири на клавир и кажува колку години ќе полни, додека таа пее „Happy birthday to you“, а тој преслатко се смее.

Денес Антониа сподели фотографија од неа и синот направена во периодот кога тој беше новороденче и напиша:
„Среќата наша денес полни 2 – две најлуди и најубави годинки. Те сакаат мама и тато“.

Нејзиниот сопруг, Џокер, на Инстаграм Стори објави фотка со синот на која јадат помфрит, додека Киан позира насмеан.
„Мојот тигар има 2 години“ – напиша тој.

Инаку, Антониа и Џокер неодамна беа на одмор со синот и за CRNOBELO.com пејачката раскажа како си поминале во ресорт на Халкидики.

„Киан најмногу сакаше да биде во вода и да го „шпарта“ цел хотел. Си најде три другарчиња, а си најде и девојка“ – сподели таа.


Прочитајте повеќе: На одмор со Антониа Гиговска во ресорт: „Бевме на Халкидики, имаше многу забава за деца, Киан си најде девојка“
М. М. | Црнобело
