Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„И ние лицата со дијабетес функционираме нормално“ – Бојан Киров ќе го искачи петпати врвот на Водно по повод Светскиот ден на дијабетесот

По повод 14-ти Ноември - светскиот ден на дијабетесот, Бојан Киров –Jimi, лице со дијабет тип 1, ќе се обиде 5 пати да го искачи врвот на планината Водно (1060), со што ќе им посвети по 1 метар на секое дете и возрасен со тип 1 дијабетес – 5000 лица во Р.С.Македонија.

i-nie-licata-so-dijabetes-funkcionirame-normalno-bojan-kirov-kje-go-iskachi-petpati-vrvot-na-vodno-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot-1.jpg

Подвигот ќе започне во 07:00 ч. утрото на 14.11, со поаѓање од фонтаната кај полициска станица Водно. Искачувањето ќе се одвива 5 пати во текот на денот. При секое искачување, предвидено е 3 луѓе да го придружуваат Бојан Киров, на безбедно растојание од 2 метри.

На врвот ќе биде стациониран медицински тим кој ќе се грижи за здравјето и безбедноста на Бојан и неговата придружба.

Цели на проектот се:

- Подигање на свеста за дијабетесот во нашата држава;

- Запознавање со дијабетесот и со лицата кои живеат со него;

- Разбивање на стигмата за дијабетесот;

- Начин и стил на здрав чивот – движењето и планинарењето како превенција од дијабетесот;

- Изработка на видео материјал и резултати од мерењата на гликемијата и работата на срцето, кои ќе бидат претставени на работилници кои ќе се организираат во 2021 год, преку организирани настани (во живо или преку webinari);

- Мотивација на лицата со дијабетес да почнат со физичка активност, секој во рамки на своите можности;

po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-jimi-lice-so-dijabet-tip-1-petpati-kje-go-iskachi-vrvot-na-vodno-02.jpg

Подвигот е по иницијатива на Бојан, а се остварува во соработка со „Здружение на дијабетичари Тетово“

„Ние, лицата со дијабетес, и покрај тоа што спаѓаме во хронично „болни“ според медицината базирана на докази, сепак сме нормални луѓе функционираме нормално, правиме сериозни потфати, па и покрај тоа сепак сме стигматизирани. Има многу погрешни информации дека не смееме да јадеме леб, тестенини, благо, сокови... Ние смееме да јадеме сè, но во дозирни количини и пред да посегнеме по некоја храна која има јаглехидрати во себе, треба да го измериме шеќерот во крвта, за да знаеме колку од таквата храна треба да изедеме и колку инсулин да вбризгаме во себе за таа храна“, вели Бојан.

Кој е Бојан Киров?

Бојан Киров – Џими (45 години) роден е на 14.12.1975. По професија е Овластен сметководител и управител на приватна компанија.

Дијагнозата за дијабетес тип 1 ја добил на 06.01.1978, кога имал само 2 години. Од најрана возраст, следењето на гликемиските вредности и броењето калории стануваат негово секојдневие.

Од 2005 година активно планинари и се занимава со планински велосипедизам. Досега ги има искачен сите повисоки врвови во нашата држава, како и повеќето врвови во соседните држави: Бугарија, Грција, Црна Гора.

po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-jimi-lice-so-dijabet-tip-1-petpati-kje-go-iskachi-vrvot-na-vodno-03.jpg

Бојан со восхит зборува за планините. Тој вели:

„Планината ме плени со нејзината убавина и енергијата која ја црпам додека уживам седнат на свежиот и чист планински воздух, препуштајќи ги сите сетила да уживаат во моментите на тишина и свеж планински воздух.“

Тој додава дека движењето низ планина делува одлично на неговото здравје, особено на добрата регулација на шеќерот во крвта.

Неколку информации за дијабетесот

Во Македонија, според последните статистички податоци, регистрирани се 123.750 лица со дијабетес. Од нив приближно 40.000 се на инсулинска терапија. 35.000 лица имаат тип 2 дијабетес. Тип 1 дијабетес имаат 5.000 лица, од кои 500 се деца на возраст до 14 години. Токму на овие 5.000 лица, Бојан Киров ќе им посвети по еден метар од предизвикот „5000 метри за 5000 лица со Т1Д“.

Покрај лицата кои веќе имаат дијабет, во Македонија има уште над 80.000 лица во пред дијабетес фаза.

Најчести компликации кои можат да се јават како резултат на дијабетот се: ретинопатија (дијабетично слепило), дијабетично стапало и гангрена; нефропатија (оштетување на бубрезите); кардиоваскуларни оштетувања (микро и макро васкуларни оштетувања) и др.

po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot-bojan-kirov-jimi-lice-so-dijabet-tip-1-petpati-kje-go-iskachi-vrvot-na-vodno-04.jpg

Спортот и физичките активности ги одржуваат крвните садови во витална кондиција и го одржуваат нивото на шеќер во крвта на пониски вредности. Фиизчката активност ја намалува можноста од појава на компликации од дијабетес. Дополнително, добро влијае на општото расположение, кое кај голем број луѓе опаѓа по дијагностицирањето на дијабетес.

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Иван Јованов во Банско - заљубен покрај сопругата, насмеан со ќерката Популарниот музичар Иван Јованов и неговата сопруга ја одведоа ќеркичката Ниа на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg