Маја Глигоровска, една од најатрактивните Македонки: „Кои се моите тајни за фит изглед?“

„Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, потоа се ‘казнувам’ и веднаш трчам на лента во теретана или се качувам на Водно“, раскажува Маја Глигоровска (40), одделенски наставник, за CRNOBELO.com.

maja-gligorovska-edna-od-najatraktivnite-makedonki-koi-se-moite-tajni-za-fit-izgled-01.jpg

Маја Глигоровска (40) работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“.

Оваа русокоса е една од најатрактивните Македонки, па за CRNOBELO.com ги открива тајните за нејзиниот фит изглед.

https://www.instagram.com/p/CaSpLMrrKbE/

Маја за CRNOBELO.com вели:

„Знаете како велат на 20 години жена да е убава е успех, но на 40 години да е згодна и убава е животна позиција.

Ќе излажам ако кажам дека ова што го гледате е само генетика и дар од Бога. За да изгледам вака, вложувам многу труд и апстинирам од многу работи и се трудам, а тоа го знаат само моите најблиски. Тука мислам првенствено на апстиненција од убава храна, која ми е вкусна, но многу ретко ја консумирам.

https://www.instagram.com/p/CYzNCviML2G/

Дали ќе верувате дека јас сум голем гурман? Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, похувано и слично, следните 3 дена „се казнувам“, па ќе ме видите како трчам на лента во теретана или се качувам на Водно, и тоа по час и половина кардио додека не почувствувам дека немам веќе душа.

Така што, да, генетски предиспозиции имам за да сум вака манекенски градена, но потешкиот дел е мојата линија да се одржи ваква низ годините, без посебни видливи варијации.

https://www.instagram.com/p/CZCsB2bsfMJ/

И горда сум кога ќе ме пофалат за изгледот бидејќи јас си знам како ми е. Кога седнувам во кафеана гледам менито да ми се состои од свежа салата и некаков протеин, како на пример пилешко месо, а многу почесто печурки на жар за кои знам дека имаат минимално калории.

Сепак, ако треба јас да дадам некаков совет, на девојките би им кажала дека најважно е како тие се чувствуваат, затоа што убавината доаѓа одвнатре. Така што ако зрачите со позитива така ќе ве доживее и околината. Со килограм плус или минус – ирелевантно.

Сепак имаме еден живот и не би требало да сме оптоварени.“

Повеќе фотографии од Маја:

https://www.instagram.com/p/Cd81WqnL7vB/

https://www.instagram.com/p/CdGj8s5okGY/

https://www.instagram.com/p/CaZT0n-oOA5/

https://www.instagram.com/p/CaKiTBzsxdv/

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Есенска идила во Скопје и Градски парк, низ објективот на инстаграмџиите Паднати лисја и безброј нијанси на портокалово и жолто – како изгледаат Скопје и...
Понежните половини на браќата од Некст Тајм (фото) Стефан Филиповски повторно е во Виена со својата сакана Тинеа со која неколку го...
5 кул кафулиња со графити во Скопје Има нешто посебно во експлозијата од бои на графитите во Среќа Бар Фуд, зарем не...
Лила во монокини, Ана Стојанова во танга бикини: Нашите славни дами ја отворија сезоната на костими ... Лила Филиповска ужива во Турција, Миа Костова на Малдиви, а на бескрајно долгите...
На кафе и дневен весник во Sinatra Specialty Coffee: Уникатен локал во срцето на Скопје Ако сакате да го разлистате дневниот весник додека го пиете утринското кафе, как...
Перо Антиќ - имињата на децата, Панчо од ДНК - македонското знаме: Познати Македонци со впечатливи т... Панчо од ДНК на ногата си ги истетовира македонското знаме и имињата на фудбалск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg