Ана Стојанова разголена среде бразилска фавела: „Додека другите се плашат да дојдат, ние на мотоцикл со локалци“
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
Фитнес тренерот Ана Стојанова руши граници - таа снима видеа среде фавела во Рио со локални жители. Објави и фотка како се сонча во танга бикини на плажа во Бразил. „Ох Рио, веќе ја чувствувам таа кариока енергија...“

Ана Стојанова веќе години наназад работи како фитнес онлајн тренер, а ја следи цела армија на жени, кои симнуваат килограми и го обликуваат телото со помош на нејзините програми за вежби и рецепти за храна.

Таа програмите неретко ги снима на егзотични дестинации, а програмата за лето 2026-та ја сними среде фавела во Рио де Жанеиро во Бразил.

И додека некои сметаат дека одењето таму е опасно, Ана без проблем се возеше на мотоцикл со локалци и беше пречекана од нив во фавелата.

Локалците дури учествуваа и во снимањето на нејзините видеа.


Покрај, работниот ангажман, Ана пронајде време и за плажа и уживање, а оттаму сподели:
„Ох Рио, веќе ја чувствувам таа кариока енергија...

ʼКариокаʼ е личност од Рио де Жанеиро, препознатлива по опуштен начин на живот, култура поврзана со плажа и енергија полна со живот.
Први денови во Рио, се фаќа боја и се спремаме за снимање.

