Маја Глигоровска, една од најатрактивните Македонки: „Кои се моите тајни за фит изглед?“

„Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, потоа се ‘казнувам’ и веднаш трчам на лента во теретана или се качувам на Водно“, раскажува Маја Глигоровска (40), одделенски наставник, за CRNOBELO.com.

maja-gligorovska-edna-od-najatraktivnite-makedonki-koi-se-moite-tajni-za-fit-izgled-01.jpg

Маја Глигоровска (40) работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“.

Оваа русокоса е една од најатрактивните Македонки, па за CRNOBELO.com ги открива тајните за нејзиниот фит изглед.

Маја за CRNOBELO.com вели:

„Знаете како велат на 20 години жена да е убава е успех, но на 40 години да е згодна и убава е животна позиција.

Ќе излажам ако кажам дека ова што го гледате е само генетика и дар од Бога. За да изгледам вака, вложувам многу труд и апстинирам од многу работи и се трудам, а тоа го знаат само моите најблиски. Тука мислам првенствено на апстиненција од убава храна, која ми е вкусна, но многу ретко ја консумирам.

Дали ќе верувате дека јас сум голем гурман? Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, похувано и слично, следните 3 дена „се казнувам“, па ќе ме видите како трчам на лента во теретана или се качувам на Водно, и тоа по час и половина кардио додека не почувствувам дека немам веќе душа.

Така што, да, генетски предиспозиции имам за да сум вака манекенски градена, но потешкиот дел е мојата линија да се одржи ваква низ годините, без посебни видливи варијации.

И горда сум кога ќе ме пофалат за изгледот бидејќи јас си знам како ми е. Кога седнувам во кафеана гледам менито да ми се состои од свежа салата и некаков протеин, како на пример пилешко месо, а многу почесто печурки на жар за кои знам дека имаат минимално калории.

Сепак, ако треба јас да дадам некаков совет, на девојките би им кажала дека најважно е како тие се чувствуваат, затоа што убавината доаѓа одвнатре. Така што ако зрачите со позитива така ќе ве доживее и околината. Со килограм плус или минус – ирелевантно.

Сепак имаме еден живот и не би требало да сме оптоварени.“

Повеќе фотографии од Маја:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Ова е тажно да се види“ – Македонско-унгарско патувачко семејство ја открива (не)убавата страна на ...  „Не ни се потребни ни половина од овие работи“, вели македонската снаа од ...
11 познати Македонки кои имаат завидно деколте и зрачат со самодоверба Oд Ведрана Ѓорѓевиќ и Ирина Камилоска до Сузана Гавазова и Елена Велевска, кои п...
Моно Алекс ужива во Италија - бизнисменот позира во одела и вози автомобили со името на регистарскит... Позира на Амалфи, се вози со раскошни автомобили и секаде е во одела... Моно Але...
Ана Стојанова разголена среде бразилска фавела: „Додека другите се плашат да дојдат, ние на мотоцикл... Фитнес тренерот Ана Стојанова руши граници - таа снима видеа среде фавела во Рио...
Јелена Спенџарска на рајско место во Швајцарија, Лила Филиповска издоминира во Кратово: Што прават н... Лила Филиповска беше во улога на водителка на манифестацијата „Златни денови Кра...
Идеи за креативни подароци за саканите за Валентајн, од македонски мали бизниси Креативни дрвени изработки со човечиња и гравирана порака, персонализирана книга...

Најчитани неделава