Елена Стефановска заблеска на нејзината свадба со раскошна венчаница и круна на главата (фото)
- Детали
- недела, 10 јули 2022
По романтичното запросување на новогодишната ноќ, Елена Стефановска се омажи со својот избраник Бојан Најдоски, а свадбата која се одржа вчера беше ништо помалку од спектакуларна.
Познатата водителка и инфуленсека Елена Стефановска се омажи за својот избраник Бојан Најдоски. Свадбата се одржа вчера, 9-ти јули, во Double Tree by Hilton во Скопје.
Елена, која беше прогласена за инфлуенсерка на годината во 2021-ва, носеше раскошна светкава венчаница со корсет. За CRNOBELO.com, Елена откри дека венчаницата е од познатиот бренд Milla Nova.
Косата ѝ беше собрана во бујно опавче, а имаше и круна.
Потоа Елена ја замени венчаницата со пократок бел фустан украсен со пердуви на долниот раб.
Елена и саканиот подолго време се во врска, а тоj ја побара за жена на Нова година. Парот ја прослави новогодишната ноќ во Москва.