Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром од ведро небо“
- Детали
- среда, 14 февруари 2024
„На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лажам, но еве, по скоро две години, гo живеам овој мој некогашен сон“, напиша Јелена Спенџарска и на Инстаграм објави фотки со својот дечко, Гркот Лукас.
Откако јавноста дозна за љубовната врска на Јелена Спенџарска и нејзиниот дечко Лукас, водителката не крие колку е среќна и заљубена, но и дека ужива во секој момент покрај саканиот.
Таа на Инстаграм објави неколку фотографии со Лука, но и букет од црвени рози кој ѝ го подарил тој за Денот на вљубените.
Во долга, емотивна порака, Јелена повторно откри колку е сакана, но и дека конечно е во врска каква што немала никогаш претходно и вели дека секој ден е благодарна за тоа.
„Никогаш претходно не сум била во вака здрава и функционална врска како оваа, мора да признаам.
Едно време дури се прашував дали некогаш воопшто и ќе најдам човек со кој ќе поставиме цврсто тло и од таму заедно ќе градиме и заедно ќе растеме.
Знам во какво време живеам, свесна сум дека лагата и неверството станаа секојдневие, а не го сакав тоа за себе, па затоа и скоро да изгубив надеж, сигурна сум дека многу од вас сте во ист таков страв како мене, потполно ве разбирам!
И после, како гром од ведро небо ми се појави овој човек, во време кога единствено што ме интересираше беше што ќе јадам и дали имам добра слика за постирање денес... интерес за дечко - нула!
Да ја скратам приказната, зашто после тоа веќе знаете, еве сум дома во Солун, во средината на февруари, пишувам текст за благодарност во пижами додека пијам кафе од мојата омилена чаша со две пчели на која пишува Greek lovers и не знам како да го скратам, зашто имам толку многу да кажам, онака најискрено, од срце, колку оваа врска секој ден ми станува позабавна, поинтересна, колку живот ми дава, колку ме менува како жена...
Едноставно, тука се чувствувам сигурно, безбедно, разбрано, што и да ми се случува, оваа врска е мојот дом каде сè е во ред, можеш сè да си кажеш без да бидеш погрешно разбран и секој, ама секој проблем има решение.
Овој човек ми носи една таква леснотија, да кажеш што било без да ти бидат извртени зборовите или да нема ни грам доза на пасив-агресив, е стварно не верував! Целосна поддршка за сè, сè што ми треба, сè што сакам, доволно е само еднаш да се каже!
На почетокот мислев дека е скриена камера ова зашто не ми беше реално, нема да ве лажам, но еве, по скоро две години, гo живеам овој мој некогашен сон и ми е сосема нормално.
Не сакам ова да испадне како фалење, туку баш напротив, како инспирација да верувате дека таму некаде постои вистинскиот маж за вас покрај кој ќе се чувствувате како божица иако сте само една обична жена.
Да не се задоволувате со малку, со трошки, заборавете на тоа 'Ќе го сменам јас, ќе се промени, ќе му дадам уште една шанса', не паѓајте во таа дупка. Длабоко во себе секогаш ќе знаете. Животот е краток.
Среќен Валентајн“.
А. Ј. | Црнобело