Најубаво украсениот влез во Скопје се наоѓа во зграда во Карпош: „Секое влегување мами насмевки кај соседите“

„Сакавме на сите станари да им се допадне. Ја украсивме вратата од лифтот и сандачињата со украсни фолии, а поставивме и елка со сијалички на батерии“ – раскажува за CRNOBELO.com Ивана од зграда во Карпош 3, каде станарите функционираат како семејство и сами си го украсиле влезот. За вакви соседства сакаме да слушаме, наместо расправии на куќен совет! 

najubavo-ukraseniot-vlez-vo-skopje-se-naogja-vo-zgrada-vo-karposh-sekoe-vleguvanje-mami-nasmevki-kaj-sosedite-01.jpg

Додека сме научени да слушаме за згради во кои станарите се расправаат на секој куќен совет, оние од прв кат одбиваат да плаќаат за лифт и поправки на кровот и слични ситуации, во општина Карпош во Скопје има зграда во која соседите функционираат како семејство. 

Зградата поточно се наоѓа во Карпош 3, изградена е во 1967 година, а во своето 55-годишно постоење, најголем дел од станарите се први сопственици на становите, па токму затоа и повеќето од нив имаат меѓусебно разбирање и желба да ја одржуваат зградата. 

Освен што годинава се организирале за замена на стариот лифт со нов и проектот поминал без проблем, станарите одлучиле и да си го разубават влезот и да направат секое влегување во зградата да мами насмевка како кај соседите, така и кај гостите и минувачите. 

Со заедничка организација, соседите ја искористиле својата креативност и контакти, го декорирале делот кај лифтот и сандачињата со украсни фолии, а во духот на предновогодишната атмосфера, поставиле и голема елка накитена со лампиони и сијалички на батерии. 

Ивана Ордевска, која живее во зградата речиси три децении со семејството, за CRNOBELO.com раскажува како дошле до идејата да си го разубават заедничкиот простор заедно со останатите станари:

„Се доселив во зградата во 1994 година. Моето семејство живееше претходно во зградата од 1967 година. Она што е интересно, речиси половина од сопствениците на становите се првите сопственици на становите или нивните семејства.

Желбата за разубавување на влезот беше од второстепена важност, бидејќи неопходно беше да се замени стариот и дотраен лифт, кој повеќе не беше ниту безбеден за употреба, а благодарение на меѓусебното разбирање од станарите и помошта со субвенција од општината, овој проект се заврши без проблеми. 

Идејата за разубавување на влезот датира многу години наназад. Како поминуваше време, така и идејните замисли се менуваа. Требаше да се направи нешто што на сите ќе им се допадне, сепак во зградата живеат над 100 станари и сите имаме различни вкусови и потреби.

najubavo-ukraseniot-vlez-vo-skopje-se-naogja-vo-zgrada-vo-karposh-sekoe-vleguvanje-mami-nasmevki-kaj-sosedite-10.jpg

За сè што работиме во зградата, Заедницата на сопственици усвојува одлуки со мнозинство. Јас сум правник по професија и го покривам тој правен дел.

Нарачавме фолии по димензии и ја разубавивме вратата на лифтот на приземјето и делот каде се наоѓаат поштенските сандачиња.

najubavo-ukraseniot-vlez-vo-skopje-se-naogja-vo-zgrada-vo-karposh-sekoe-vleguvanje-mami-nasmevki-kaj-sosedite-15.jpg

najubavo-ukraseniot-vlez-vo-skopje-se-naogja-vo-zgrada-vo-karposh-sekoe-vleguvanje-mami-nasmevki-kaj-sosedite-17.jpg

najubavo-ukraseniot-vlez-vo-skopje-se-naogja-vo-zgrada-vo-karposh-sekoe-vleguvanje-mami-nasmevki-kaj-sosedite-18.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg