Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше креација од сестра ѝ

„Не ни помислив дека мојот сегашен вереник ќе собере храброст да клекне на колено пред толку многу луѓе на Саемот за венчавки. Во тој момент, јас и моите две сестри бевме дел од ревијата на која мојата сестра Марија ги претстави своите креации и носевме венчаници“, ни раскажа Моника за романтичното изненадување.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-01.jpg

Скопјанката Моника Костовска (32) од 2015 година е во врска со Ванчо Николов од Струмица. Парот се сврши на неодамнешниот Саемот за венчавки, во моментот кога Моника чекореше на модната писта во бело, во една од венчаниците што ги креирала нејзината сестра Марија Костовска.

И додека таа одеше на пистата облечена како невеста, Ванчо се појави пред неа, клекна на колено и ја побара за сопруга.

Моника вели дека иако се заедно скоро една деценија, не ни помислувала дека нејзиниот иден сопруг ќе собере толкава храброст и ќе ја побара пред толку многу непознати луѓе.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-04_copy.jpg

За CRNOBELO.com, таа раскажа за романтичниот момент, но и за нивната врска:

„Нашето запознавање беше случајно, преку мој пријател, а негов братучед, Раде Петров. Во текот на долгогодишната, врска често наидувавме на прашања од други, во стилот ‘Па, ајде, кога?’

Но, ова никогаш не било дефинирано од причина што такви биле животните околности. Ние живееме заедно и одлично функционираме со години, што е исто како да сме во брак.

И како и во секоја долга врска, сме имале и добри и лоши денови, но сепак секогаш сме си биле голема поддршка еден на друг, во сите среќни и лоши денови.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-02_copy.jpg

Јас со гордост можам да кажам дека сум и лице со ретка болест, со синдром Аниридија (Аниридија се дефинира како делумно или целосно отсуство на ирисот во окото и може да биде или вродена или стекната).

Јас сум и дипломиран терапевт, па освен големата поддршка од моето семејство, кои се мои херои низ животот, мојот вереник Ванчо бил секогаш моја подвижна сила и поддршка.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-05_copy.jpg

Инаку, тој ме запроси на денот на свеченото отворањето на Саемот на венчавки, а на кој со свои креации на венчаници учествуваше и мојата сестра Марија Костовска, па цело семејство бевме многу возбудени.

Марија имаше желба заедно со мене и нашата трета сестра, Магдалена, да носиме по една нејзина креација.

За планот за запросувањето, пак, освен Ванчо, знаеле само моите две сестри, но и водителката Сања Савеска, и менаџерот Ефтим, со чија помош го искоординирале целиот план.

Јас не знаев ниту, пак, се посомневав во нешто. Премногу бевме ангажирани околу подготовките за саемот, а јас бев возбудена што ќе носам една од креациите на сестра ми.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-07.jpg

Нема зборови со кои може да го опишам моментот. Јас бев шокирана и збунета, со часови не можев збор да кажам освен 'ДА'. Некоја чудна енергија кружеше во воздухот.

Искрено дури денес, четири дена по запросувањето, почнувам да се будам од целата возбуда и од целиот тој момент.

Чувството е прекрасно и посакувам секоја девојка и жена да го искуси.

Јас не се посомневав во ништо, иако долги години бевме во врска.

Но, изненадувањето, гестот на изразување љубов и храброста да клекне на колено пред толку многу луѓе - ни најмалку не помислив дека мојот сегашен вереник ќе го направи тоа“.

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-03_copy.jpg

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-08.jpg

skopjankata-monika-kazha-da-na-saemot-za-venchavki-sakaniot-ja-zaprosi-na-revija-dodeka-noseshe-kreacija-od-sestra-i-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Фото: Приватна архива/ Во бело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg