Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите

„Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да донираат плетенка? Јас, пред неколку години си донесов едно непишано правило: на секои 4 години да ја донирам косата, па и годинава го направив тоа“, вели Сара, млада и инспиративна девојка која открива каде да донирате коса во Македонија и да им помогнете на заболените од рак.

bravo-sara-sekoi-4-godini-ja-donira-svojata-kosa-za-zabolenite-od-rak-i-gi-pottiknuva-i-drugite-01.jpg

Сара е магистриран архитект, родена е и израсната во Македонија, но има живеено во Италија, додека сега живее во Париз, Франција.

Со својата другарка Кате го отвори профилот „Yes for Less“, каде порачуваат да рециклираме и да ја чуваме природата затоа што таа ни е сè.

Сега, Сара испрати уште една прекрасна порака. Покажа како на секои четири години ја донира косата за правење на перики на пациентките заболени од рак, кои ја губат својата коса за време на хемотерапијата.

Сара на Инстаграм напиша:

„Имаш долга коса и сакаш да ја скратиш? Јас најдов начин како дури ниту косата да не ми оди во отпад, туку да послужи на некој друг.

Може да ја донираш за од неа да се изработи перика и подари на деца и жени, кои се болни од рак и кои не можат да си дозволат да купат.

Главен услов е да имаш природна или фарбана коса (не смее да биде бланширана).

View this post on Instagram

A post shared by Yes for Less | Еколошки навики 🌿 (@yesforless.mk)

Кога ќе одиш на фризер, по миењето побарај да ти исплетат плетенка од минимум 20cm.

Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да донираат плетенка?

Јас, пред неколку години си донесов едно непишано правило: на секои 4 години да ја донирам косата.

bravo-sara-sekoi-4-godini-ja-donira-svojata-kosa-za-zabolenite-od-rak-i-gi-pottiknuva-i-drugite-02.jpg

Тогаш кога се решив за првпат немаше можност во Македонија, па ја донирав во странство.

Но, оваа година со огромно задоволство можам да кажам дека го сторив тоа преку проект кој доаѓа од нашата земја.

Се работи за хуманитарен проект на @zdruzhenie_viktori, предводен од страна на двете млади девојки Тамара и Викторија.

bravo-sara-sekoi-4-godini-ja-donira-svojata-kosa-za-zabolenite-od-rak-i-gi-pottiknuva-i-drugite-03.jpg

Случајно налетав на Тамара и ме фасцинираше нејзината приказна како на 18-годишна возраст била поттикната од болеста на својата мајка, покрај донација на својата коса, да покрене и други околу себе да донираат плетенки за да се изработуваат перики за луѓе на кои им се потребни.

Денес, таа заедно со својата другарка Викторија се главни двигатели на овој проект и велат дека има голем број на луѓе кои делат дел од себе со цел да помогнат некому. Тоа е тој ланец на позитивни промени.

Доколку сакаш и ти да донираш, сѐ што треба да направиш е да отидеш кај твојот фризер и задолжително да им се најавиш на @zdruzhenie_viktori за да се договориш за како да им ја доставиш плетенката.

Сподели ја оваа објава со некој/а на кого би му била корисна и слободно пиши ни за било какви прашања“.

bravo-sara-sekoi-4-godini-ja-donira-svojata-kosa-za-zabolenite-od-rak-i-gi-pottiknuva-i-drugite-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg