10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен

The Sandman

Снимена според популарниот стрип на Нил Гејман, The Sandman се фокусира на такнаречениот „песочен човек“ – лик од германскиот фолклор кој ги контролира нашите соништа.

Во серијата гледаме и други необични ликови од разни религии митологии, како Луцифер и Смртта, кои на забавен начин се вметнати во нашата реалност.

You

Главниот лик е млад шармантен маж кој станува опседнат со една девојка и пробува да ѝ се доближи.

Но, неговата опсесија станува мрачна бидејќи тој е подготвен да ја отстрани секоја пречка во неговата цел, вклучувајќи и луѓе.

The Night Agent

Забавен трилер кој сигурно ќе ви се допадне ако сакате политички сплетки.

Главниот лик е ФБИ агент кој сосема случајно се вплеткува во теорија на заговор која води до највисоките ешалони од американската влада.

The Diplomat

Главниот лик е Кејт Вајлер – дипломатка која добива висока функција за која не е најмногу подготвена.

Сето ова се случува среде интернационална криза, а новата професија има огромно влијание врз нејзиниот брак и иднината на нејзината кариера.

Cabinet of Curiosities

Антологиска серија креирана од Гиљермо дел Торо која раскажува неколку морничави приказни.

На почетокот од секоја епизода, познатиот режисер претставува морничав артефакт, а потоа епизодата се фокусира мрачната тајна што ја крие.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg