10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен

Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположени за мистерија со доза фантазија, нема да погрешите со Wednesday.

10-serii-na-netfliks-sovrsheni-za-ovaa-esen-01.jpg

Нетфликс почна да објавува толку многу серии, што неретко е тешко да одлучите на што вреди да потрошите време.

Ако ви се гледа серија, но не можете да одберете поради огромниот избор на Нетфликс, веруваме дека ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.

10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен:

The Haunting of Hill House

Морничава мини-серија која веќе важи за една од најдобрите во својот жанр.

Главните ликови се деца кои пораснале во една од најпознатите опседнати куќи во земјата.

Сега, како возрасни, повторно мораат да се соочат со хоророт во нивниот дом од детството.

The Crown

Дури и ако не сте многу заинтересирани за британското кралско семејство, ова е серија што нема да ви биде здодевна.

Покрај драматизацијата на животот на најистакнатите членови од семејството, серијата ги опфаќа најважните настани во историјата на Британија од владеењето на кралицата Елизабета.

Sex Education

Забавна драма со дејство кое се фокусира на средношколец чија мајка е секс терапевт.

Иако самото момче не ни имало сексуален однос, добро е запознаено со темата поради професијата на мајка му.

Wednesday

Инспирирана од стриповите за семејството Адамс, Wednesday е серија што сигурно ќе ви се допадне ако го сакате по малку морничавиот стил на Тим Бартон.

Младото девојче се запишува во елитно училиште за деца со натприродни моќи каде што мора да реши заплеткана мистерија.

Dark

Германска серија која многумина ја споредуваат со Stranger Things.

Но, Dark е многу помрачна, а одличната приказна е толку заплеткана, што понекогаш можеби ќе треба и да изгуглате за да сфатите што се случило.

Серијата мошне добро го истражува концептот за патување низ времето и ќе ви се допадне уште од првата епизода.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg