Филмски викенд: Комедии

За овој врнежлив и депресивен викенд ви подготвивме три комедии со цел да ви го подигнат расположението.

filmski-vikend-komedii-01

Овие филмови не бараат целосно внимание и се одлични за гледање во друштво бидејки се лесни, глупави и забавни.

Не очекувајте интелектуални шеги и оргинални приказни, овие филмови се создадени едноставно за тепање време.

Но, иако во сржта се жанровски се комедии, сепак има разновидност и се надеваме дека барем еден ќе биде по ваш вкус.

Уживајте во овој филмски викенд!


Ted (2012)

filmski-vikend-komedii-1

Оваа овогодинешна комедија беше долго очекувана, но луѓето различно ја доживееа. Има некои што многу им се допадна, а има и такви што коментираа дека е тотална утка. 

Филмот раскажува за Џон, кој како мало дете немал ниеден пријател и посакал неговото плишано мече да оживее и да си бидат најдобри пријатели до крајот на животот.

Неговата желба ќе се оствари, па Тед ќе оживее и навистина ќе бидат најдобри другари. Заедно ќе ги делат своите тажни и среќни моменти, и Џон никогаш нема да се чувствува осамен.

Тука некаде филмот премотува и го гледаме Џон, сега веќе 35 годишен вработен дечко, кој живее со својата супер згодна девојка, и се разбира со Тед.

Тед не е баш фино мече, тој е некултурен и безобразен и цело време заедно влегуваат во невољи. Но, кога девојката ќе посака нивната врска да стане посериозна тоа значи дека мора да се донесат некои промени во пријателството помеѓу Тед и Џон.

Приказната, признавам не е оргинална, но е преставена е на многу оргинален начин. Изобилува со референци кон 80тите, најмногу кон Флеш Гордон, Индијана Џонс и Војна на Ѕвездите па најверојатно филмофилите ќе уживаат повеќе од останатите.

Компјутерската графика е одлична, бидејки Тед иако е плишано мече не отскокнува од сцените. Додека па главните глумци одлично си ја завршија работата и го комплетираат филмот.

Уште еднаш ќе се повторам, за да уживате во филмот треба да имате отворен ум, да пројдете преку сите клишеа, глупавите шеги и да знаете нешто од поп културата од осумдесетите.

Режија: Seth MacFarlane
Глума: Mark Wahlberg, Mila Kunis, Seth MacFarlane


That's My Boy (2012)

filmski-vikend-komedii-2

Ако го сакате Адам Сендлер како комедијант, тогаш овој филм е дефинитивно за вас. Приказната е прилично интересна и неочекувана.

Професорка ќе заведе младо момче, тинејџер, и ќе започне сексуална/љубовна врска со него. Таа ќе забремени, но ќе заврши во затвор поради секс со малолетник.

Дечково ќе стане светска атракција, бидејки е херој во сечии очи (нели... имал секс со супер секси професорка), и ќе му биде дадено задача да го одгледува детето.

После многу години, професорката е сè уште во затвор, таткото е безделничар, должи многу пари и не си го видел синот со години. Малиот е успешен бизнисмен и е пред женидба.

Со цел да најде пари таткото влетува во животот на синот, и ненамерно успева да му го растури целиот живот. Главната приказна, можеби не е толку оргинална, но пропратните пресврти се во најмала рака неочекувани и феноменални.

Како и предходниот филм и овој има многу референци кон осумдесетите, има многу голотија, глупави стереотипни шеги и ненормално добра актерска екипа.

Сепак да напоменам филмот не е за секого. Мене најискрено ми се допадна филмов, најверојатно бидејќи очекував дека ќе биде многу, многу, многу глупав, па некако ме изненади.

Филмовите со Адам Сендлер од секогаш ме нервирале и во последно време научив да ги избегнувам, но не жалам што го изгледав овој.

Во најголем дел ќе се смеете поради запрепастувачките пресврти и општата глупавост на филмот.

Режија: Sean Anders
Глума: Adam Sandler, Andy Samberg, Leighton Meester, Vanilla Ice, James Caan, Milo Ventimiglia


Butter (2011)
filmski-vikend-komedii-3

Овој филм е малку посериозна, до некаде и црна, комедија, не очекувајте глупави шеги и луди заплети. Хуморот е посуптилен, и е преставен со пренагласување на американскиот начин на живот.

Имено се зборува за изработка на уметнички дела од путер. Наводно тоа се едни од напопуларните натпревари во републиканските држави во САД.

Го следиме животот на Дестини, сираче што се шета низ системот за посвојување и сè уште никој ја нема посвоено. Случајно го открива дека е добра во правење скулптури од путер и ќе почне сериозно да се занимава со ова хоби и се спрема за следниот натпревар.

Нејзината конкуренција е Боб Пиклер кој победува во сите натпревари последните 10 години. Но, тој решава да се повлече од сцената како би дал простор за новата генерација.

Неговата жена не може да се помири со фактот дека нема да бидат во ценарот на вниманието, и дека целата надмоќ што ја имала над останатите ќе и биде одземена, па решава сама да се пријави на натпреварот, иако предходно никогаш не работела со путер.

Таа ќе стори сè, ама буквално сè, за да победи. Приказната е навистина интересна, и ако сте за поспора сатира, тогаш дефинитивно ви го препорачувам овој филм.

Иако се зборува за путер можете многу лесно да направите паралела со политичкиот начин на живот во Америка, преку манипулирање, лажење, проституција, афери и расизам.

Актерската екипа е навистина одлична и надокнадува за недостатоците во останатата продукција. Филм кој ќе ве насмее, запрепасти и ќе ви го стопли срцето истовремено.

Одличен за мирна вечер пред телевизор и за релаксирање.

Режија: Jim Field Smith
Глума: Jennifer Garner, Yara Shahidi, Ty Burrell, Olivia Wilde, Hugh Jackman, Alicia Silverstone, Ashley Greene

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg