4 филмови кои со нетрпение ги очекуваме оваа есен

Кога температурите ќе почнат да се намалуваат, а вие сè повеќе ќе сакате да уживате во домашни услови со добро друштво, еве што треба да погледнете.

4-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-ovaa-esen-01

Ова се филмовите кои не смеете да ги пропуштите оваа есен:

“Filth”

Се работи за корумпиран полицаец кој се обидува да ги прегази сите во своја околина, само за да постигне недостижна моќ. По пат на „раздели, па владеј“ тргнува до врвот.

Филмот ќе можете да го погледнете по 14 ноември, за кога е закажана неговата официјална премиера.



“Romeo and Juliet”

По големиот број на преработки на Шекспировата трагедија, стигнува уште една која ќе ги изненади сите млади љубители на драмата.

Филмот ќе може да го погледнете по премиерата закажана за 11 октомври.



“Dracula 3D”

Овој филм веќе беше претставен на Канскиот филмски фестивал, наскоро ќе биде прикажан во поголем број од кината во светот.

Се работи за незаборавна мешавина од хорор, мистерија и еротика која дефинитивно вреди да ја погледнете.



“Pervert’s Guide to Ideology”

Прочуениот словенски филозоф Славој Жижек повторно се враќа во документарен филм. Овој пат тој ги испитува механизмите кои го обликуваат она во што веруваме и начинот на кој се однесуваме.

Ова филмско остварување е веќе прикажано на неколку фестивали, па постои голема шанса наскоро да го погледнеме и кај нас.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg