Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Леонардо Ди Каприо спие во животински труп. Доволно за Оскар?

Леонардо Ди Каприо е подготвен да направи сè за конечно да успее да освои Оскар, а во овој случај дури и да спие внатре во мртво животно, да престојува на неверојатно ниски температури и да јаде живо месо.

na-shto-se-e-podgotven-leonardo-dikapiro-za-da-go-osvoi-oskarot-01.jpg

Ди Каприо неодамна дал интервју за Yahoo! Movies за најавениот филм „The Revenant“ – приказна која се одвива во 19-от век каде еден човек е закопан жив откако преживеал напад од мечка.

Снимањето на филмот барало од Ди Каприо со денови да живее во ладната Канадска дивина.

„Можам да ви набројам околу 30 – 40-на сцени во кои морав да ги направам некои од најтешките работи за снимање. Без разлика дали станува збор за влегување и излегување во замрзнати реки, спиење во животински трупови или тоа што јадев“ – изјавил Ди Каприо.

По првата изјава следи прашањето во однос на тоа што јадел, за кое Ди Каприо вели: „Секојдневно не јадам живо месо од бизон. Ќе имате можност да видите од мојата реакција на филмот – сè ќе ви објасни. Во секој случај беше инстинктивна реакција“.

Погледнете го трејлерот од филмот кој се очекува да излезе 25 декември:

Би можело да ве интересира:

10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Кои славни личности се инспирација за дизајнот на ликовите на Дизни? Том Круз им служел како инспирација на артистите кога го дизајнирале ликот на Ал...
10-те најдобри детективски филмови од 2010-тите (ќе ве натераат да размислувате) Knives Out важи за можеби најдобриот детективски филм од претходната деценија, д...
10 забавни филмови кои ќе ве внесат во летно расположение Grown Ups, Adventureland, Palm Springs – ако едвај го чекате летото, веруваме де...
Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики? Сликите генерирани со AI што деновиве ги гледаме насекаде се инспирирани од филм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg