Филмови кои ќе ве натераат да се чувствувате добро оваа пролет

Време е за пролетен филмски маратон кој ќе ви окупира добар дел од вашето слободно време. Драма, биографија, комедија и романтика, се наоѓа по нешто за сечиј вкус.

Filmovi-koi-ke-ve-nateraat-da-se-cuvstvuvate-dobro-ovaa-prolet-01.jpg

Вам ви останува само да одберете филм (или неколку) по свој вкус и да решите - сами или со друштво, чоколадо или пуканки. 

Препорачуваме филмски изданија кои ќе ве натераат да се почувствуваат согласно времето надвор - прекрасно и фино:

The Fundamentals of Caring (2016)

Бен е поранешен писател кој одбива да пишува откако ќе доживее лична трагедија. Тревор е тинејџер во инвалидска количка на кого му е потребна нега. По игра на случајност Бен ќе му стане негувател на Тревор и заедно тргнуваат на патување кое ќе ги тестира границите на новото пријателство и надежта.

Due Date (2010)

Питер за прв пат ќе стане татко, а со цел да стигне на време за породувањето мора да фати лет од Атланта. Но, во неговите планови се замешува Итан, надежен актер кој целосно ќе ја наруши агендата на Питер. Тие мора да патуваат заедно додека трпението на Питер е при крај, во очаен обид да стигне до неговата сопруга пред таа да го роди бебето.

Under the Tuscan Sun (2003)

Францис е успешна писателка, но дознава дека нејзиниот сопруг ја изневерува. Нејзиниот свет е разнишан и во момент на агонија, таа импулсивно купува вила во Тоскана. Наскоро започнува нејзината слатка италијанска авантура која ќе ѝ го промени животот засекогаш.

https://www.youtube.com/watch?v=dNZJnLN8irw

Race (2016)

Работен според вистинската приказна за атлетичарот Џеси Овен, афроамериканец кој се бори да стане еден од најдобрите спортисти на патеката за време на Олимпијадата во 1936 година, додека се соочува со безмилосната хитлерова визија за доминација на чистата ариевска раса.

https://www.youtube.com/watch?v=H3SO2CxNeSI

The Intern (2015)

Бен Витакер е 70-годишен вдовец кој тешко успева да најде начин како да си го пополни денот, сè додека не пронајде работа како стажант во компанијата на младиот претприемач Џулс Остин.

Уште 5 филмски предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg