Топ 10 филмови со највисока оценка на Imdb

Schindler’s List (1993) 8.9

Филмот на Стивен Спилберг со Лиам Нисон и Ралф Фајнс во главните улоги ја следи приказната на Оскар Шиндлер, кој станува заштитник на прогонуваните Евреи од страна на нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

The Lord of the Rings: The Return of the King (2003) 8.9

Третиот и последен дел од сагата на Толкин ја следи разврската со моќниот прстен кој треба да биде уништен, додека Гандалф и Арагон ги подготвуваат своите војски во пресметката со моќниот Саурон и неговата мрачна армија.

Pulp Fiction (1994) 8.9

Култниот филм на Квентин Тарантино заслужено го зазема осмото место на топ листата. Четири различни приказни се составуваат во една сложувалка во типичен Тарантино-стил, проткаени со многу црн хумор, насилство и крв.

The Good, the Bad and the Ugly (1966) 8.8

Во режија на Серџо Леоне со Клинт Иствуд во главната улога, можеби најпознатиот вестерн филм на сите времиња го следи ловецот на глави кој се здружува со уште двајца други луѓе. Новооформената банда е во трка за злато, а времето полека истекува со оглед на фактот што трет човек е во потрага по истото богатство.

Fight Club (1999) 8.8

Дејвид Финчер во направи скоро невозможното, направи филм многу подобар дури и од оригиналната книга на Чак Паленик.

Бред Пит и Едвард Нортон се маестрални во главните улоги, а приказната е уникатна и неповторлива – човек кој страда од хронична несоница се здружува со забавниот и манијакален Тајлер Дурден со кого оформуваат боречки клуб во подземјето, кој крие многу, многу повеќе отколку што претставува.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg