Топ 10 филмови со највисока оценка на Imdb

Секогаш кога сакаме да видиме за што се работи некој филм или ТВ серија, кој игра во главните улоги или кој е режисерот на истите, нашата прва страница за посета е Imdb или Internet Movie Database.

Top-10-filmovi-so-najvisoka-ocenka-na-Imdb-01.jpg

Покрај изобилството на информации и критики (професионални и аматерски), веб страницата нуди и можност за оценување на филмовите и сериите кои сте ги изгледале.

Врз основа на тоа филмовите се рангираат на топ листа, каде што очигледно најсилниот глас во одлучувањето го има токму публиката.

Ова се 10-те филмови оценети со највисоки оценки на Imdb, а прашањето е – колку од нив ги имате изгледано?

The Shawshank Redemption (1994) 9.2

Филмот кој е на врвот на Imdb топ листата инспириран од кратката новела на Стивен Кинг ја следи приказната на Енди, повлечен и остроумен банкар кој е неправедно обвинет за двојно убиство и осуден на 2 доживотни казни затвор.

Во затворот каде што владее законот на џунглата тој се спријателува со Ред и во текот на цели 19 години го следиме неговиот живот, сите убави и грди моменти кои се составен дел од животот. Вистинско ремек-дело, хумана, топла и инспиративна приказна.

The Godfather (1972) 9.2

Снимен според романот на Марио Пузо, „Кум“ го портретира семејството на озлогласениот мафијаш, Дон Вито Корлеоне. Во режија на Френсис Форд Копола, трилогијата доживеа култен статус во филмскиот свет и поп културата.

The Godfather: Part II (1974) 9.0

Ретко кој втор дел го следи првиот во поглед на квалитетот и популарноста, но се чини дека тоа му успеа на продолжението од „The Godfather“. Само 2 години подоцна, синот на Вито Корлеоне, Мајкл, почнува да ја зацврстува доминацијата на фамилијата во светот на мафијата.

The Dark Knight (2008) 9.0

Постојат многу филмови за Бетмен и постои „Темниот витез“ во режија на маестралниот Кристофер Нолан. Почнувајќи од неверојатната актерска екипа – Кристијан Бејл како Бетмен, Хит Леџер во улогата на Џокерот и Арон Екхарт како Харви Дент, продолжувајќи со сценариото и режијата, како и музиката, ова филмско издание на супер херојот на DC стриповите е несомнено најдоброто.

12 Angry Men (1957) 8.9

Не мачете се со други адаптации, едноставно погледнете го оригиналот. Со сјајна актерска екипа предводена од Хенри Фонда во главната улога, порота составена од 12 луѓе решава во една соба за судбината на еден живот. Дали ќе го прогласат за виновен или невин?

https://www.youtube.com/watch?v=Dosg0p7LAB4

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg