Клои Кардашијан мета на критики откако го покажа совршеното тело: Зошто јавноста ја осудува што и да направи?

Со неколку Инстаграм фотки, Клои Кардашијан покажа дека го довела телото до совршенство. Но, како што ја критикуваа за вишокот килограми, сега ја осудуваат дека била преслаба. Зошто Клои постојано е мета на критики, што и да направи?

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-01.jpg

Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се меѓу најпознатите жени во светот, па нормално е покрај бројните фанови, да имаат и „хејтери“.

Но, од сите нив, се чини дека Клои Кардашијан се соочува со најмногу критики и без разлика што ќе направи, јавноста ја осудува.

Неодамна, Клои сподели неколку фотки на Инстаграм со ќерката Тру и синчето Тејтум и покажа дека го довела телото до совршенство. 40-годишната ријалити ѕвезда гордо позира во бикини и го покажува мускулестото тело.

Иако Клои изгледа навистина добро и е очигледно дека напорно вежбала за телото од соништата, во коментари повторно се соочува со критики – исто како што ја критикуваа и за вишокот килограми.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-11.JPG

Додека некои фанови ѝ се восхитуваат, голем дел од следбениците коментираат дека била премногу слаба.

„Што е со стомачните?“

„Треба да намалите со Оземпик“.

„Сите се опседнати да бидат слаби. Не е здраво. Клои изгледаше подобро претходно“.

„Ми личи како да има проблеми со здравјето“.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-12.JPG

Дел од фановите, пак, ги критикуваат хејтерите:

„Луѓето кои велат дека изгледала подобра со облини сигурно ја критикуваа кога имаше облини. Многу сте чудни“.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-07.JPG

Клои многупати има зборувано за битката со вишокот килограми, но вели дека не ги гледала како проблем, сè додека јавноста не почналa да коментира.

„Имав огромна самодоверба. Бев полничка, си носев тесни фустани и не ми беше гајле. Јавноста ми ја создаде несигурноста“, има изјавено Клои во интервју.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-06.JPG

„Од мигот кога се појавив на телевизија, бев распната. Не изгледав како моите сестри, па не бев доволно добра.

Тогаш почнав да си го менувам изгледот – да учам да се шминкам, да ставам филери, направив операција на носот и луѓето уште ме критикуваат“.

Не само вишокот килограми, Клои честопати била нарекувана и грда што дополнително ја натерало да си го менува изгледот.

Поради ова, почна и многу да ги уредува нејзините фотки, па на дел од нив воопшто не личи на себе. А, и за ова се соочува со критики.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-02.JPG

Клои има изјавено дека секој недостаток што не ѝ се допаѓал кај неа, бил детално анализиран од јавноста, што ја терало уште повеќе да го мрази својот изглед.

Целото лошо искуство ја натерало не само да направи драстични промени кај себе, туку и да биде многу позаштитнички настроена кон ќерка ѝ Тру.

„Тру е многу висока. Па, кога некој ќе рече дека многу била голема, јас го поправам ѝ велам - висока. Знам што сакаат да кажат кога велат ’голема‘, но не сакам Тру да го сфати тоа погрешно.

Кога е во прашање храната, имав многу проблеми. И ова не потекнуваше од само една личност, туку од јавноста и тоа што сите го критикуваа моето тело. Па, не дозволувам Тру да се соочи со ова“.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-04.JPG

Клои вели дека вежбањето ѝ станало вид терапија.

„Кога бев помлада, ако бев тажна, јадев. И потоа се мразев. Како да се казнував ако изведев многу и нема диета што не сум ја пробала.

Почнав да вежбам кога се разведував (од Ламар Одом) и по некое време почнав да се чувствувам подобро“.

Клои вели дека дури и откако го добила телото од соништата, уште ја погодуваат злобните коментари.

„Никогаш не можете да се навикнете на коментарите дека не сте атрактивни, а ако слушате нешто многу често, почнувате да верувате во тоа. Јас сум условена да се чувствувам така, дека не сум доволно убава“.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-03.JPG

Клои се сочувала со критики за вишокот килограми и од нејзината мајка, а ова ја натерало да го смени пристапот кон мајчинството.

„Мајка ми отсекогаш нè дотерувала, ни ја средувала косата. Јас сакам да им дадам слобода на моите деца да се изразуваат и да не им создавам притисок со перфекционизам“.

kloi-kardashijan-meta-na-kritiki-otkako-go-pokazha-sovrshenoto-telo-zoshto-javnosta-ja-osuduva-shto-i-da-napravi-10.JPG

И покрај многуте критики низ годините, Клои има и безброј фанови кои сметаат дека од целото семејство, таа е „најнормална и најприземјена личност“.

Ова се гледа и на коментарите од Инстаграм објавата во која го покажува новото тело:

„Сакам Клои да ми биде најдобра пријателка“.

„Изгледаш многу силно и здраво Клои!“

„Фризурата ти стои одлично“.

„Колку убави мајка и ќерка!“

„Ако изгледав вака добро во бикини, и јас ќе ги носев со патики, како тебе“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...

Најчитани неделава