Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“
- Детали
- среда, 29 октомври 2025
Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа секси, па дури и да си прави разголени фотки, во случај да најде партнер на кој ќе му ги прати.

Во новата епизода од ријалити шоуто на Кардашијан, Клои откри дека немала секс повеќе од три години.
Додека разговара со пријател и сестра ѝ Кортни за суплементи што го зголемуваат либидото, ријалити ѕвездата вели:
„Сум немала секс повеќе од три години“.
Кортни ја советува да се фокусира на децата штом не сретнала погоден партнер, додека пријателот ја прашува дали можеби е заинтересирана за некој.
„Не, ниту еден од тие со кои се допишувам. Немам ничиј број во телефонот. Немам ни разголени фотки“, одговара Клои.
Претходно, во интервју за UsWеekly, Клои исто така зборуваше за апстиненцијата од секс и сподели дека немала односи можеби пет години.
Тогаш истакна дека нема да дозволи кој било да спие со неа.
„Треба да биде некој навистина посебен за да ми ја наруши животната рутина, мојот распоред и моите приоритети или за да ме привлече. Како да имам штит околу себе, па ќе треба да биде некој навистина посебен, но и упорен“.
Клои сподели дека престанала да оди и на состаноци бидејќи сака да им посвети внимание на нејзините деца.
„Сега децата ми се главниот фокус и не сакам никој да ме оддалечи од нив. Не дека ќе дозволам нешто такво, но сега не знам дали сакам и врска.
Моите деца уште се мали – не велам дека ќе чекам додека да наполнат 20 години, но треба да се појави некој многу, многу посебен за да му посветам време“.
Добро познат факт е дека Клои беше изневерена од бившиот сопруг, како и од партнерот со кој ги доби децата, а во интервју зборува и за ова.
„Се прашувам зошто ги избирам овие мажи. Сега сметам дека сум навистина силна и се молам дека ќе можам да ги забележам ’црвените знаменца‘ или некои работи со кои веќе не сакам да се соочувам“.
Сепак, во друго интервју, Клои сподели дека се одржува во топ форма за денот кога повторно ќе сака да има односи.
„Не се дотерувам и не вежбам за некој да ме фотографира. Го правам ова со надеж дека некогаш ќе имам секс. Некогаш некој ќе ме види гола и треба да изгледам добро“.
Таа вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа секси, па дури и да си прави разголени фотки, во случај да најде партнер на кој ќе му ги прати.
„Мајка ми инсистираше, а јас само ја замолив да престане да ми зборува за тоа.
Но, секогаш ми вели дека никогаш нема да изгледам добро како сега. Ми вели почесто да носам бикини“.
Клои вели дека би сакала во иднина и да се венча и вели дека првиот брак со Ламар Одом бил магичен, без разлика што заврши неславно.
„Ламар е и беше љубовта на мојот живот. Се венчав на 24 години и иако се венчавме само 30 дена откако се запознавме, го сакав со целото срце. Сериозно си ги сфатив заветите и бевме во брак околу седум години.
Но, имаше големи нерешливи проблеми во тој брак. Не знам ни дали можам да опишам што чувствував за Ламар – тоа беше најволшебниот период од мојот живот.
И иако имаше темнина во тој брак, имаше и светли моменти. И, го ценам тоа“.
Клои вели дека денес нема никаков контакт со него, но дека му посакува сè најдобро.
Спирова С. | Црнобело
