Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча
- Детали
- петок, 24 јули 2026
Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја фрла ќерката во базен, Меган позира во монокини, а потоа се сонча на лежалка со кучето, додека уживаат на семеен одмор во Португалија.

Членовите на кралското семејство речиси никогаш не ги гледаме во приватно издание на летен одмор, но откако Хари и Меган си заминаа, живеат поопуштен живот.
Веќе неколку години се ослободени од кралските правила, но сепак, ретко изнесуваа приватни моменти во јавност, до пред одреден период.
Овој пат, парот одлучи да го сподели семејниот фото-албум од летниот одмор во Португалија и во Велика Британија, заедно со децата, Арчи и Лилибет.
Тие уживаат во ресторани, на прошетки, но и на плажа, па на една од фотките се гледа Меган во монокини, додека Хари се бања со децата.

На друга фотка, Хари ја фрла во базен ќеркичката, а Меган пак, се сонча на лежалка додека се гали со куче.


Погледнете повеќе фотки од одморот на семејството:







M. M. | Црнобело