10 најдобри филмови од Кански филмски фестивал 2019

Канскиот филмски фестивал започна на 14, а ќе трае до 25 мај. Ова е 72 издание на престижниот фестивал посветен на седмата уметност, а оваа година претседател на жирито е мексиканскиот режисер, сценарист и продуцент Alejandro González Iñárritu, познат по филмовите 21 Grams, Babel, Birdman и уште многу други.

10-najdobri-filmovi-od-Kanski-01.jpg

Кои филмови вреди да ги изгледате од овогодишниот Кански?

The Dead Don’t Die

Номиниран за Златна палма под режисерската палка на Џим Џармуш, филмот има собрано неверојатна актерска екипа: Бил Мареј, Адам Драјвер, Клое Севињи, Тилда Свиндон. Мирниот град Сентервил се соочува со зомби напад, кога мртвите неочекувано стануваат од нивните гробови.

Rocketman

Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш се продуценти на филмот, што значи дека е одобрен од самата ѕвезда од којашто потекнува инспирацијата. Етикетирана како „музичка фантазија“ која ја обработува фантастичната приказна на Елтон Џон низ годините, оваа драма со биографски елементи е зачинета со музика и фантазија која нема да ве остави рамнодушни.

An Easy Girl (Une fille facile)

Наима е 16-годишна девојка која живее во Кан. Таа нема идеја што сака да прави во животот и си дозволува да ужива во летото додека не се одлучи. Но, со пристигнувањето на нејзината братучетка Софија која има прилично атрактивен начин на живот, погледите на Наима се менуваат. Двете поминуваат едно незаборавно лето во животот.

10-najdobri-filmovi-od-Kanski-02.jpg

Diego Maradona

Документарниот филм за една од најголемите фудбалски ѕвезди на сите времиња Диего Марадона е склопен од речиси 500 часови невиден фото и видео материјал досега, со акцент на неговиот професионален ангажман за италијанскиот Наполи во ’80-тите.

Too Old To Die Young

Ова е првата ТВ серија која успеала да стигне до Канскиот фестивал. Too Old To Die Young е во продукција на Амазон, а го истражува криминалното подземје на Лос Анџелес, преку интересно и необично портретирање на главните ликови и нивните животни приказни.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg