10 нови филмови од 2019 кои мора да ги изгледате под итно

Подготвени за филмски викенд исполнет со нови и возбудливи наслови? Овој пат на менито имаме практично сè – хорор, авантура, драма, романтична комедија, акција, филм работен по вистински настан.

10-novi-filmovi-od-2019-01.jpg

Сами или пак во друштво, потребна ви е само желба и малку време за да погледнете добар филм.

Свежата тура со 10 нови филмови од тековната 2019 изгледа вака:

Us (2019)

Аделајд Вилсон се враќа на истото место покрај брегот каде што растела како дете. Овој пат таа е со сопругот, синот и ќеркичката. Прогонувана од траума што ја доживеала во детството, таа почнува да се загрижува дека ќе се случи нешто уште пострашно и овој пат жртвата нема да е само таа…

Always Be My Maybe (2019)

Саша и Маркус се дружат откако знаат за себе. Тие се најдобри другари и вљубени еден во друг. Но, поради глупава караница во тинејџерските години тие ќе престанат да зборуваат. Години подоцна, Саша и Маркус повторно налетуваат еден на друг.

The Professor and the Madman (2019)

Во средината на 19 век, професорот Џејмс Муреј го започнува првото издание на Оксфордскиот речник. Тој во предводи комитетот кој раководи со проектот, а професорот добива дури 10.000 предлози од еден исклучителен човек – пациент во лудница по име Вилијам Мајнор.

Five Feet Apart (2019)

17-годишната Срела го поминува најголем дел од времето во болница бидејќи има цистична фиброза. Нејзиниот живот е исполнет со рутина, правила, граници и многу самоконтрола. Но, сите овие работи се ставени на тест кога Стела ќе го запознае Вил, шармантно момче кое страда од истата болест.

Fighting with My Family (2019)

Пејџ и Зек се брат и сестра кои се израснати во боречка фамилија. Кога двајцата добиваат шанса во професионална боречка лига, само Пејџ ќе добие место во натпреварувачката програма. Таа мора да се збогува со саканите и да влета во светот во кој е претешко да опстанеш, а не пак да триумфираш.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg