Најдобрите филмови на Гиљермо дел Торо

5. The Shape of Water (2017)

Жанр: Авантура, драма, фантастика

Сали Хокинс го толкува ликот на една жена вработена во владина безбедносна лабораторија, која копнее да создаде врска со некого. Но сето тоа се менува кога ќе открие дека во лабораторијата се чува чудно суштество, кое има неверојатни човечки карактеристики. Двајцата создаваат необична врска.

4. Blade II (2002)

Жанр: акција, хорор, научна фантастика

Блејд формира незгодна алијанса со Советот на вампири за борба против Жетварите, (Reapers) кои се хранат со вампирите.

3. Cronos (1993)

Жанр: Хорор

Мистериозна направа дизајнирана да му обезбеди на својот сопственик вечен живот, се појавува по четиристотини години.

2.The Devil’s Backbone (2001)

Жанр: Драма, хорор

Откако Карлос, 12-годишник чиј татко почина во граѓанската војна во Шпанија, пристигнува во застрашувачко сиропиталиште за момчиња, тој открива дека местото чува многу темни тајни.

1. Pan’s Labyrinth (2006)

Жанр: Драма, фантазија, војна

Филмот зборува за 13-годишно девојче, Офелија, кое заедно со нејзината мајка бега во ридовите, каде што нејзиниот сопруг Видал, капетан во редовите на фалангистите, учествува во борбата против локалното движење на отпорот.

Заплетот е поставен во мај-јуни 1944 година, додека режимот на Франко сè уште ги прогонува противниците од граѓанската војна во Шпанија. Како што продолжуваат борбите, Офелија открива лавиринт во близина на нивната резиденција.

Тука се среќава со Пан, чуварот на лавиринтот, кој тврди дека Офелија е исчезнатата ќерка на кралот на подземјето. За да го потврди ова, Офелија треба да изврши три опасни задачи.

Ашера | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg