Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најочекувани филмови за суперхерои во 2020 година

Без разлика дали сакаме да го признаеме ова или не, но жанрот на суперхеројските филмови во моментов е на својот врв. Не е важно од кое студио доаѓаат филмовите, туку кои се главните актери и какви специјални ефекти нè очекуваат. 

Najocekuvani filmovi za superheroi vo 2020 godina 01

Оваа година можеби не е најбогата во однос на бројот на суперхеројски филмови, но сепак нема да разочара.

Најочекуваните суперхеројски филмови во 2020 година:

Black Widow

Скарлет Јохансон за последен пат ќе се појави во улогата на Наташа Романова во долгоочекуваниот филм посветен на оваа хероина која е дел од The Avengers. Дејствието нè враќа во минатото, веднаш по филмот „Капетан Америка: Граѓанска војна“.

Другите улоги ги толкуваат Рејчел Вајс, Флоренс Пју и Дејвид Харбор.

Wonder Woman 1984

Не сме сигурни во каква состојба се наоѓа филмскиот универзум на DC, но знаеме дека Гал Гадот се враќа во ова продолжение на Wonder Woman, во режија на Пети Џенкинс, по успехот на првиот дел. Дејствието е поставено во 1984 година.

Birds of Prey

Се надеваме дека овој филм ќе биде подобар од не толку успешниот Suicide Squad. Трејлерите ветуваат малку поинаков тон, а исто така очекуваме многу од негативецот наречен Black Mask, толкуван од Хуан МекГрегор.

Bloodshot

Овде не се рабoти за тим на суперхерои што треба да се борат против лошите луѓе, туку за малку поинаква стриповска поставка. Главниот лик е убиен, а потоа оживува како машина за убивање, без сеќавање на претходниот живот.

Сепак, неговата меморија полека се враќа и тој наскоро сака да им се одмазди на оние што му направиле штета.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg