Дракула (2020) и уште 9 хорор серии кои ќе ве избезумат

Последната екранизирана верзија на познатото дело на Брем Стокер „Дракула“ предизвика огромно внимание кај публиката. Иако критичарите се поделени во мислењата, публиката се чини дека ја обожава новата серија.

Drakula-i-uste-9-horor-serii-koi-ke-ve-izbezumat-01.jpg

Доколку сте расположени за добри хорор серии, покрај Дракула, ви препорачуваме уште 9 одлични, страшни серии кои ќе ве остават без сон:

Dracula

Последната екранизирана верзија на познатото дело на Брем Стокер „Дракула“ е трилогија во британска продукција на BBC.

Приказната започнува во 1897 година во домот на грофот Дракула во Трансилванија и посетата на млад адвокат од Лондон кој неочекувано се вплеткува во лавиринтот во замокот, фатен како во стапица, без никакви шанси да излезе жив од таму.

The Haunting of Hill House

Приказната која се одвива дел во минатото, дел во сегашноста, покажува истрауматизирано семејство и спомените кои ги носат од нивниот стар дом каде што живееле порано. Што точни ги натерало да го напуштат домот?

Bates Motel

Животот на Норман Бејтс излегува надвор од контрола кога неговото ментално здравје се влошува. Во меѓувреме, неговата мајка Норма се обидува да му ја пружи помошта што му е потребна и го штити од луѓето околу нив.

Castle Rock

Серијата инспирирана од приказните на Стивен Кинг фрла светло на настаните во малото, морничаво, измислено градче Кесл Рок и необичните ситуации и ликови во него.

Penny Dreadful

Истражувачот Сер Малком Мареј, американскиот пиштолџија Итан Чендлер, научникот Виктор Франкенштајн и жената која може да комуницира со духови Ванеса Ајвс се сојузници во борбата со натприродни закани во викторијанската ера во Лондон.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg