Зошто Фиби и Џои никогаш не станаа пар во „Пријатели“?

„Пријатели“ беше и остана серија која ја обожаваме. Уживавме со ликовите и нивните авантури, врски и анегдоти.

konecno-e-otkrieno-zosto-fibi-i-dzoi-nikogas-ne-stanaa-par-vo-prijateli-01.jpg

И покрај тоа што поминаа 15 години од последната епизода, серијата е актуелна и сè уште не ја губи својата популарност.

Можеби сте помислиле дека ги знаевте сите детали од снимањето, но, сепак, неодамна добивме одговор на едно прашање. Конечно е откриено зошто Фиби и Џои никогаш не станаа пар во серијата.

Доколку ги изгледавте сите сезони на „Пријатели“, знаете дека некои пријателства прераснаа во љубов - Рејчел и Рос дури добија ќерка, додека Моника и Чендлер се венчаа.

Од друга страна, преостанатите главни ликови, Фиби и Џои, никогаш не станаа пар, а за ова има и објаснување од ко-авторот Дејвид Крејн.

Голем број обожаватели на серијата се надеваа и очекуваа дека Фиби и Џои ќе го следат примерот на другите парови и дека ќе завршат заедно. Сепак во текот на 10 сезони и 236 епизоди, нивната желба не се исполни.

Дејвид Крејн смета дека таквото сценарио би било премногу предвидливо. Тој додава дека таквиот пристап би бил погрешен и дека е среќен што авторите не го направиле тоа.

Konecno e otkrieno zosto Fibi i Dzoi nikogas ne stanaa par vo Prijateli 02

Минатата година е одбележана 25-годишнина од започнувањето на серијата, но љубопитноста и надежта на публиката дека снимањето ќе продолжи не престанува.

Се надеваме дека одговорот што го добивте ќе ве задоволи и дека се согласувате со Дејвид Крејн.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg